Македонија
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата: Остра осуда за партизацијата при изборот на нови членови на ДКСК
Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува „партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“.
Платформата целосно ја поддржува Снежана Камиловска-Трповска, која како член на комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата изрази издвоено мислење од комисијата за селекција поради необјективно и оркестрирано гласање на другите членови на комисијата.
„Како претставник на граѓански сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Снежана Камиловска-Трповска покажа целосно поинаква перцепција за избраните кандидати, со што јасно се манифестира и ставот на граѓанските организации за идниот состав. Притоа изненадува како другите претставници на комисијата за селекција изнајдоа компромис за селектираните кандидати и покрај слабите интервју, одбивање на некои кандидати да одговорат на директни прашања за општествените состојби, како процесот на заробеност на државата, високопрофилни случаи, кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од извештајот на Европската комисија за 2023 година, прашања поврзани со политичката и правосудната поврзаност, тргување со влијание, лобирање и сл. Дополнително, кандидатите што манифестираа одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмсилен одговор и со одлични компетенции не беа добро оценети од страна на другите членови, со што им се оневозможи објективно да се борат за позицијата претседател и член на ДКСК“, велат од Платформата на граѓанските организации за борба против корупција.
Од Платформата велат дека партиските влијанија врз изборот на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата негативно ќе влијаат врз објективноста и непристрасноста на комисијата во спроведување на сериозните законски надлежности што ги има како еден од главните фактори во борбата против корупција во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

