Македонија
Повеќе од 2.000 учесници на втората хуманитарна трка We run we care во Прилеп

Околу 2.000 учесници се вклучија во вчерашната рекреатива трка We run we care, која по вторпат се одржа во Прилеп. Трката е од хуманитарен карактер, а собраните средства од котизацијата на учесниците, 100 денари по лице, ќе бидат употребени за тековно одржување и доопремување на Центарот за лица со церебрална парализа. Рекреативно донаторската трка беше во организација на бизнис-секторот и Општина Прилеп.
„Средствата од котизацијата на учесниците ќе бидат употребени за купување надгледни средства кои ќе им помогнат на лицата со церебрална парализа во нивните активности“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.
Стопанствениците истакнаа дека се горди на масовноста на акцијата и веруваат дека истата во иднина ќе прерасне во традиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.