Македонија
Поделени уште 100 решенија за еднократна помош за новороденчиња во Центар
Денеска во Општина Центар градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 100 баратели со новороденчиња од Центар.
Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.
Годинава ова е втор циклус на доделување парична помош за новореденче во Општина Центар. Во првиот циклус, кој беше на почетокот на јуни, беа поделени 100 решенија, а тогаш како донатори беа вклучени „Еурофарм“, „Веледа“, „Астера“,„Банката за храна“ и „Еурохуман“.
Деновиве беше потпишан и меморандум за соработка со компанијата за храна и производи за бебиња „Хип“ и ПЗУ „Жан Митрев“ Скопје.
На денешниот настан во општината присуствуваа и претставниците на споменатите компании и здруженија кои во оваа пригода на семејствата им поделија: сет производи за бебиња од „Хип“; ваучер во износ од 1.500 денари за педијатриски преглед во ПЗУ „Жан Митрев“; вредносен ваучер во износ од 1.000 денари од „Еурофарм“; пакет производи со органска козметика за бебиња од „Веледа“; бесплатни часови за јога и совети за доење од „Астера“и бебешка храна од „Еурохуман“.
На настанот градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.
Согласно правилникот за добивање парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во општина Центар, фотокопија од извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

