Македонија
Поднесено обвинение против пет лица кај кои била пронајдена дрога и оружје
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против четири македонски државјани и едно лице со македонско и албанско државјанство, соопштија од обвинителството.
На лицата, како што посочуваат оттаму, им се става на товар дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1, а едно од лицата е обвинето и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик.
„По спроведување на опсежна истражна постапка и прибирање на обемен доказен материјал, обвинителството утврди дека од крајот на месец септември и почетокот на октомври оваа година, обвинетите со намера неовластено да вршат продажба на наркотична дрога – марихуана и кокаин презле дејствија на неовластено купување, држење заради продажба, пренесување и организирање продажба на наркотичната дрога.
Наркотичната дрога марихуана во количина од 20.882,8 грама била набавена од непознати лица од Република Албанија за 3.500 евра. Непознатите лица, согласно со договорот, ја пренеле дрогата спакувана во две вреќи на територијата на Република Македонија во околината на Струга од каде требало да се превезе до Скопје. Кај планинскиот превој Стража на бензинската пумпа „Лукоил“, при претрес на возилото во кое се пренесувала, дрогата била пронајдена од страна на полициските службеници, а при личен претрес на еден од осомничените се пронајдени и 0,43 грама кокаин“, се наведува во соопштението на ОЈО.
Воедно, како што посочија од ОЈО, при претрес на дом на еден осомничен биле пронајдени предмети со остатоци и траги од наркотична дрога кокаин, како и 22,27 грама кокаин, кеси со марихуана, 49,79 грама психотропна супстанца амфетамин, 10 таблети со лого „S“ кои претставуваат 3,4 наркотична дрога психотропна супстанција метилен диоксиметамфетин, 24,66 грама наркотична дрога психотропна супстанција фенитилин и 45 куршуми кои според карактеристиките се муниција со калибар 22-LR од производителот „Swartklip“ од Јужноафриканската Република, изработени од оловен материјал и наменети за испалување на огнено оружје.
Во текот на истражната постапка одбраната на осомничените, како што соопштија од обивнителството, понудила предлог за спогодување со обвинителството. „Надлежниот обвинител кој постапува во предметот имајќи го предвид кривичното дело што им се става на товар на обвинетите, како и фактот дека тројца од нив се веќе осудувани за истото дело, а првообвинетиот е на издржување на казна затвор во траење од 11 години за истото кривично дело, го одби предлогот на одбраната“, стои во соопштението.
Со обвинителниот акт доставен е и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за останатите четири лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.
Македонија
Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди
Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.
Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година.
Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура и заштитата на животната средина.
Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување.
Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат на официјалната веб страница на Општина Илинден ([email protected]), како и во просториите на Општината.
Македонија
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши.
Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето.
Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето.
Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно утврдена формула, 50 отсто од порастот на просечната нето плата исплатена од минатата година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот според официјалните податоци од Ддржавниот завод за статистика.
Според објавените податоци, просечната исплатена нето плата бележи пораст од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1 процент.

