Македонија
Под истрага двајца поранешни владини функционери
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава, донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Како што соопшти Јавното обвинителство, во текот на 2016 година првоосомничениот како функционер што раководи со орган на државна управа за потребите на Владата на Република Македонија, одобрил образец – предлог-барање за склучување авторски договор за изработка на правно мислење за работи од областа на енергетски суровини. Според склучениот договор, авторот бил обврзан во период од еден месец да изработи авторско дело – интелектуален труд и извештај за севкупната работа и да го достави до нарачателот – Владата на Република Македонија.
Осомничените иако знаеле и биле свесни дека рокот во согласност со договорот не е почитуван, ја злоупотребиле својата службена положба со намера на авторот да му овозможат противправна имотна корист, велат од ОЈО. За таа цел, како што тврдат, второосомничениот во својство на службено лице – заменик-министер, потпишал лажна изјава дека договореното дело е завршено во согласност со бараните услови, а првоосомничениот со свој потпис ја одобрил исплатата на 1.352.400 денари, со што му нанеле штета на буџетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

