Контакт

Македонија

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Објавено пред

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во ноќните клубови, проблемот со непочитувањата на стандардите, корупцијата.

dobivaj vesti na viber

Во текот на историјата слични трагедии однесоа илјадници животи, a сите водат кон истиот заклучок  – грешките продолжуваат да се повторуват, а владите, институциите, сопствениците на дискотеките, менаџерите на бендовите и организаторите на слични настани во светот очигледно не научиле многу од претходните искуства.

Овие трагедии не само што чинат животи туку наметнуваат и голем број прашања во поглед на регулирањето на ноќните клубови и безбедносните стандарди. Факт е дека недостигот на регулативи доведува до трагични исходи, а корупцијата им овозможува на бизнисите да ги заобиколат правилата на игра, без оглед на катастрофата што би можела да се случи.

И покрај разните локации на кои во минатото се случувале вакви трагедии, заедничко кај опожарените дискотеки, кои резултирале со голем број жртви, е водењето бизнис без план за евакуација и кревки структури, а сето тоа разоткрива еден системски неуспех да се извлече поука од трагедиите што секојпат го шокираат светот како да е првпат.

1. „Станица“ – Западен Ворвик, САД, 2003 година

Ова е еден од најозлогласените пожари во ноќните клубови во историјата. Трагедијата беше предизвикана од употреба на пиротехника во внатреешен простор, која ја разгоре звучната изолација од полиуретанска пена. Пожарот бргу се прошири, за шест минути го зафати клубот и остави 100 мртви и над 200 повредени. Недостигот од излези за итни случаи и соодветни безбедносни мерки придонесоа за големиот број жртви.

По пожарот, беа поднесени повеќе граѓански и кривични предмети. Даниел Бикеле, менаџерот на турнејата на бендот „Грејт вајт“, кој ја запали пиротехниката, се изјасни за виновен по 100 точки од обвинението за ненамерно убиство од небрежност во 2006 година и беше осуден на петнаесет години затвор со четири за издржување.

Toj тогаш рече: „Знам како оваа трагедија ме опустоши, но можам за замислам што претрпеле луѓето што ги изгубиле своите најблиски. Не знам дали некогаш ќе си простам за она што се случи таа вечер, па не можам да очекувам од некој друг“.

Бикеле беше ослободен од затвор во 2008 година кога некои семејства на жртвите изразија поддршка за неговото условно ослободување.

Осудени беа и сопствениците на клубот, Мајкл и Џефри Дердеријан. Мајкл Дердеријан доби петнаесет години затвор, а Џефри Дердеријан 500 часа општествено корисна работа.

Пред да биде претворена во ноќен клуб и место за концерти, зградата на „Станица“ се користела како ресторан и таверна.

2. Пожар на рок-концерт во Буенос Аирес, Аргентина, 2004

За време на концерт, пиротехниката разгоре запаливи материјали на таванот, што доведе до густ токсичен чад и паника. Вратите на клубот беа заклучени за да се спречи неплатен влез, што резултира со 194 смртни случаи и над 1.000 повредени.

И овој пожар откри корупција и негрижа во безбедносните проверки.

Клубот се наоѓал во двокатна зграда, со главен влез и шест врати, што воделе во главниот дел на ноќниот клуб. Ноќта кога се случил пожарот четири од шесте врати биле заклучени. Имало и врата поврзана со блискиот хотел, излез за итни случаи, кој бил заклучен, и друг излез за итни случаи, кој бил блокиран со ограда пред бината. Речиси и да немало мерки за заштита од пожари, не бил вграден аларм, а во внатрешноста немало ниту опрема за гаснење пожар. Десет од петнаесетте противпожарни апарати биле неупотребливи, без притисок. Дозволата за заштита од пожари на ноќниот клуб истекла еден месец пред пожарот.

Дискотеката била домаќин на рок-група, со публика од приближно 4.000 луѓе, речиси трипати повеќе од капацитетот на местото од 1.500. Несреќата со огнометот бргу се проширила бидејќи материјалите што се користеле во зградата за украсување биле запаливи: дрво, стиропор, акустични панели. Идентификувано е дека многу од жртвите се во тинејџерските и во 20-тите години, но спасувачите што го расчистувале клубот пронашле и деца и бебиња. Преживеаните пријавиле дека просторија во ноќниот клуб била користена како своевидна игротека, каде што родителите можеле да ги остават своите деца додека уживале во концертот.

На културен план трагедијата ја подигна свеста за состојбата на ноќните клубови и на местата што се користат за музички изведби, а исто така поттикна сериозно преиспитување и на сличните фудбалски практики, како што е употребата на пиротехника. Владата ја разгледа состојбата на ноќните клубови и на другите места, што резултира со затворање голем број од нив.

Сопственикот на ноќниот клуб, Емир Оман Чабан, беше осуден на 20 години затвор во 2009 годинa, но почина во 2014 година. Менаџерот на бендот беше осуден на 8 години за кривично дело небрежност. Покрај сопственикот на ноќниот клуб, беа осудени и неколку градски службеници и инспектори за заштита од пожари. Тие беа прогласени за виновни затоа што не ги спровеле безбедносните прописи и дозволиле место што не ги исполнувало стандардите за заштита од пожари.

Анибал Ибара, кој беше градоначалник на Буенос Аирес во времето на пожарот, се соочи со значителни контроверзии по трагедијата. Тој беше обвинет затоа што не обезбедил правилно спроведување на безбедносните прописи на места како ноќниот клуб „Кромањон“. Ибара беше отповикан во 2006 година од страна на градскиот законодавен дом на Буенос Аирес поради неговата улога во катастрофата.

3. Пожар во ноќниот клуб  во Перм, Русија, 2009 година

Низок таван покриен со запаливи пластични украси се запали кога беше активирана пиротехника во затворен простор. Пожарот и токсичниот чад предизвикаа 156 смртни случаи. Оваа катастрофа доведе до построги закони за заштита од пожари во Русија.

Oсуден беше косопственикот на клубот, но и уште неколку од директорите и други лица што не ги обезбедиле соодветните безбедносни стандарди. За виновни беа прогласени и пиротехничарите, кои биле одговорни за огнометот, бидејќи употребениот бил нелегален во затворен простор.

Пожарот откри значителни пропусти во спроведувањето на безбедноста и корупцијата во регионот Перм. Беше сугерирано дека локалните власти, вклучително и противпожарната служба, ги затвориле очите пред прекршувањата на клубот во замена за мито или други услуги. Имаше извештаи дека клубот работел со фалсификувана лиценца.

Како одговор на трагедијата беа упатени повици за реформи на законите за заштита од пожари и построга контрола врз ноќните клубови и другите места. Руските власти исто така спроведоа темелна истрага за безбедносни прекршувања на други забавни места во земјата.

4. Пожар во ноќниот клуб „Бакнеж“ – Санта Марија, Бразил, 2013

Пиротехниката ги запали акустичните панели, а отровниот чад бргу го наполни клубот. Со само еден главен излез и обезбедување, кое првично ги блокирале луѓето да излезат, загинаа 242 лица, а беа повредени повеќе од 600. Недостигот на противпожарни апарати ја направи трагедијата уште полоша.

По трагедијата, беше обелоденето дека капацитетот од само еден излез придонел за високиот број загинати. Дополнително, во објектот снемало електрична енергија, што им оневозможило на посетителите да го пронајдат излезот. Единствената светлина во зградата доаѓала од бањата, каде што луѓето се собрале мислејќи дека трчаат кон излезот, но останале заробени таму. Тоа е вториот најсмртоносен пожар во историјата на Бразил.

Обвинети беа двајцата сопственици на клубот и двајца членови на бендот. На 10 декември 2021 година двајцата сопственици беа осудени на 22, односно 19 години затвор, а членовите на бендот добија затворска казна од 18 години за секого. Сепак, на 3 август 2022 година пресудата беше поништена поради погрешен процес на избор на поротата и денес сѐ уште никој не одговара за трагедијата.

Истрагата претходно утврди дека просториите немале доволно излези за итни случаи и не биле овластени да користат огномет. Противпожарната служба сепак издала дозвола за работа на клубот. Во дозволата стоело дека клубот има два излеза за итни случаи. Фактот дека лажни информации биле користени од клубот и одобрени од противпожарната служба резултира со државна истрага на властите одговорни за надзор на ноќниот клуб, вклучително и градското собрание и самата противпожарна служба.

5. Пожар во ноќен клуб „Колетив“, Букурешт, Романија, 2015

Пиротехниката била запалена за време на концерт и ја пробила полиуретанската акустична пена на таванот. Пожарот се проширил за неколку секунди, а недостигот на излези за итни случаи во клубот заробиле многумина внатре. Шеесет и четири лица ги загубија животите, а бесот на јавноста доведе до масовни протести против владината корупција и слабите безбедносни прописи.

Преплавени од големиот број жртви романските власти префрлија некои од тешко повредените во болниците во Израел, Холандија, Белгија, Австрија, Обединетото Кралство, Норвешка, Германија и во Франција.

Клубот бил отворен во мај 2013 година на локација што претходно била фабрика за чевли, а објектот работел без потребните дозволи за организирање концерти и пиротехнички спектакли. Масовните протести поради корупцијата поврзана со пожарот доведоа до оставка на премиерот на Романија, Виктор Понта.

Зошто овие трагедии продолжуваат да се случуваат?

И покрај овие ужасни настани, пожарите во ноќните клубови предизвикани од пиротехнички средства продолжуваат да се случуваат, а за тоа придонсуваат повеќе фактори:

Пиротехника – кога се користи во затворени простории, пиротехниката лесно може да ги разгори запаливите тавански материјали, акустичната пена или украсите.

Недостиг на безбедносни прописи – многу ноќни клубови работат без соодветни мерки за заштита од пожари.

Корупцијата, небрежноста или недостигот на спроведување често дозволува небезбедните места да продолжат со работа.

Запаливи материјали – многу клубови користат полиуретанска пена за звучна изолација, која е многу запалива и испушта токсичен чад кога се разгорува. Истовремено и дрвените облоги и пластичните украси се клучни фактори за изминатите пожари во ноќните клубови.

Нема излези за итни случаи – многу жртви во минатите трагедии беа заробени поради заклучени или несоодветни излези за итни случаи.

Пренатрупаност – клубовите често го надминуваат капацитетот, што ја отежнува безбедносната евакуација во случај на пожар.

Незнаење за пиротехничките опасности – организаторите на настани често ги потценуваат ризиците од огнометот во затворен простор.

Дали светот научи нешто?

Додека некои подобрувања се направени во законите за заштита од пожари, трагедиите продолжуваат да се случуваат, што докажува дека спроведувањето останува неконзистентно.

На владите им требаат построги политики и ригорозни инспекции за да се осигурат дека клубовите ги следат безбедносните стандарди. Дополнително, сопствениците на местата и организаторите на настанот мора да преземат одговорност за спроведување на мерките за спречување пожари и да дадат приоритет на човечките животи пред профитот.

Трагедијата во Македонија, за жал, останува да служи како уште еден болен потсетник дека игнорирањето на историјата може да чини животи.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија11 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија11 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија13 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија13 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ13 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија14 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија15 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија16 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија16 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет17 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет17 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет17 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа18 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа19 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа19 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет19 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...