Македонија
Пожар на отворено во гостиварското село Речане

Вработени во „Македонски шуми“ и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар кој претпладнево избувна во близина на селото Речане, гостиварско.
Според инфромациите од Ценатрот за управување со кризи, пожарот бил пријавен на телефонскиот број 112, а на местото била испратена една екипа од тројца пожарникари и едно ПП возило.
-Првичните информации говорат дека гори висока сува трева, нискостеблестао дерградирана шума, но има зафатено и мал простор со висока шума, информираат од ЦУК.
По пријавувањето на пожарот во атарот на селото Речане е стапено во контакт со Национални шуми- Подружница Шар-Гостивар, кои веќе испратиле на терен екипа со нивни вработени и пристапиле кон гаснење на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали

Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали. Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на СДСМ.
„Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики.
Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери.
До каде ќе оди умноболието на СДС“.
Македонија
Јаневска: Вложувањето во науката отсега ќе биде континуиран процес, а не еднократна акција

Министерството за образование и наука има јасна определба за поддршка на научната дејност и за нејзина стратегиска улога во општеството. И, кога говорам за поддршка, не мислам на еднократна акција, туку на континуиран процес со јасна визија и одржливи политики кои ќе изградат стимулативна средина што ќе ги охрабри домашните истражувачи да останат во науката, да се поврзуваат меѓународно и да генерираат знаење што ќе има корист за целокупното општество.
Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на одбележувањето на 60 години од основањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
– Овој Институт е меѓу првите високообразовни и научни институции што го трасираа патот на општествените науки во Македонија и сметам дека е важен центар на научната мисла и научното истражување во Македонија, чија работа ќе продолжиме да ја поддржуваме, рече Јаневска, напоменувајќи дека по подолг период, Министерството за образование и наука повторно додели финансиски средства за поддршка на научноистражувачки проекти на државните универзитети и факултети, научни институти и МАНУ, а еден од 15-те проекти од општествените и хуманистичките науки е предложен од истражувачки тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
Јаневска се осврна и на новиот Закон за научноистражувачка дејност и на новиот Закон за високото образование кои се веќе во напредна фаза на подготовка и ќе претставуваат клучни алатки за остварување на развојот во научната сфера од повеќе аспекти.
– Во меѓувреме, Министерството за образование и наука ќе остане отворено за дијалог и партнерство со академската заедница како активен соработник во креирањето политики што ќе овозможат вистински општествен напредок, додаде Јаневска.
Македонија
(Видео) Андоновска: Здружението на судии и обвинители се многу гласни, за некој што нема сработено ништо

Здружението на судии и обвинители се многу гласни, за некој што не само што нема сработено ништо, туку има допринесено за нарушување на довербата на граѓаните, истакна на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што нагласи, остатоците на СДС и ДУИ во судството и обвинителството, се тие кои се спогодија за човекот на Заев, Наке Ѓоргиев, врховен судија и претседател на Судски совет, и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители за местење и влијание при судска пресуда.
„И Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, и тоа едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда.
Корумпираното обвинителство и судство не се заинтересира, ниту отвори постапка врз судиите и обвинителите врз кои Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети влијаеле.
Да не беше вниманието на јавноста вперено во овој случај, можеби и за невини ќе беа прогласени – толку од ова судство“.
Прашува каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети досудиле поблага казна.
Тие, како што вели, уште судат и правоораздаваат.
„Тие се истите луѓе врз кои СДС и ДУИ и денес имаат влијание и со помош на кои ја избегнува правдата.
Ако Судскиот и ЈО Совет сакаат правда, еве нека почнат со постапка против судиите и ЈО кои биле под влијание на Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети и работеле под нивен диктат, а со тоа извршиле кривично дело. Тие не треба да бидат судии. Очекуваме брзи и ефикасни одлуки, а не памфлети и вазалство кон СДС и ДУИ, тоа нема никаде да ги однесе“.