Македонија
Полицијата ги учи основците од Тетово и Гостивар како да се заштитат на социјалните мрежи

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска почна со практична реализација на превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“.
Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи од подрачјето.
Со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3.500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки, а кои во 92 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик.
Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.
Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознаени и со законските импликации доколку тие злоупотребуваат лични податоци на други лица.
Проектот е планирано да трае до крајот на идниот месец, а неговата главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Филипче беше фатен во „Крвави тендери”, набавка вредна 35 милиони евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка

Венко Филипче беше фатен во “Крвави тендери” набавка вредна 35 милиона евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, вели тој, со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра.
„Единствена фирма која се имаше појавено на повикот и со која Филипче беше пред склучување на договор беше АХР ЛАБ, фирма без корпоративна електронска пошта, а ќе остане запаметена по маилот жути@јаху.ком. Венко Филипче чекаше да помине револтот на јавноста за да продолжи да го турка тендерот, но силната реакција на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста тоа не го дозволија“.
Според него, Венко Филипче нема кредибилитет. Тој е претседател на СДС, само, како што вели, за да може некогаш повторно да дојде во позиција за да ги повтори тендерите како тој со аферата “Крвави тендери”. Манасиевски подвлекува дека Венко Филипче треба да си даде оставка.
Македонија
Вработена како референт дала зелено светло за регистрација на возило без технички и на возач со истечена лична карта, за второто била на боледување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавената М.П. – референт за управни работи во Одделение за управни работи Куманово, на 20.12.2024 извршила продолжување на регистрација на приколка „тирсан“ и на патничко возило „шеворлет калос“ и покрај тоа што не биле исполнети законски пропишаните предуслови за продолжување на регистрацијата, односно двете возила немале поминато технички преглед.
Исто така, на 27.12.2024 пријавената извршила продолжување на важноста на регистрацијата на патничко возило „опел корса“ и покрај тоа што подносителот на барањето не приложил важечка лична карта, односно приложил истечена лична карта, што е и еден од условите за регистрација на возило. Продолжувањето на регистрацијата, М.П. го извршила во периодот кога користела боледување. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапката.
Македонија
Протеран Романец од Македонија кој продал прибор за 970 евра лажејќи дека е бренд

Полицјата поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради измама со проджба на кујнски прибор. Од Основен суд Штип пријавениот е осуден и му е изречена казна – протерување на странец од територијата на државата во траење од три години.
Тој измамил 72-годишен маж му продал комплет кујнски прибор за сума од 970 евра, на тој начин што го довел во заблуда дека е оригинален производ на познат бренд.
По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица го признал делото и ги вратил парите, велат од МВР.
(Фото: илустрација)