Македонија
Полицијата и Државниот просветен инспекторат го истражуваат случајот со учениците во Аеродром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/n-157318309-628x314.jpg)
Општина Аеродром најстрого го осудува инцидентот кога неколкумина основци фрлиле соученичка низ прозорецот и информира дека е посветена на целосно расчистување на овој случај. Од таму информираат дека случајот е пријавен во Полициската станица Аеродром и се преземаат мерки за негово целосно расчистување. Бил повикан и Државниот просветен инспекторат, кој извршил увид во случајот.
Општината информира дека е во постојана комуникација со претпоставените од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ и сите надлежни институции во однос на пријавениот случај за 14-годишната ученичка, која, според пријавата во МВР, добила телесни повреди.
„Општина Аеродром најстрого осудува секаков вид насилство меѓу учениците и е посветена на целосно расчистување на овој случај, како и креирање мерки за подигнување на свеста кај учениците од најмала возраст и превенција на идни немили настани“, се вели во соопштението.
Во полициската станица Аеродром утрово било пријавено дека во петокот четворица ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, во населбата Аеродром, низ прозорец фрлиле нивна соученичка. Инцидентот се случил за време на малиот одмор, а девојчето добило повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/tabanovce-900x600-1.jpg)
Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ.
Најголем интензитет на сообраќај има на Граничниот премин „Табановце“, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини од АМСМ велат дека се чека по околу еден час.
Од АМСМ нагласуваат дека зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски јазик од Владата кружи на социјалните мрежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kurs.jpg)
На извесна страница на Фејсбук Family service е злоупотребено името на Владата на Македонија дека наводно нуди бесплатни часови по англиски јазик. Станува збор за измама, какви што деновиве кружат по Фејсбук.
На огласот на кој има грб, на лош македонски јазик пишува дека „Владата на Северна Македонија нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за лица од 18 до 65 години“, почнувајќи од јуни 2024 година. Во огласот се наведува дека Владата ќе им додели бесплатен таблет и сертификат во рок од 4 недели.
Некои граѓани поверувале дека огласот е вистински, што се гледа од коментарите под постот. „Почнаа со популистички мерки“, „Нема каде да се аплицира“, се дел од коментарите на граѓаните.
Погледнете како изгледа лажниот оглас и најважно, не го отворајте!
Македонија
Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/helikopter-lllllll.jpg)
Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.
Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер.
Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко..
Полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.
На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица.