Македонија
Полска донира 100.000 маски и 10.000 литри средства за дезинфенција
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош во земјата, а во присуство на полскиот амбасадор Војциех Тицињски, денска во касарната „Илинден“ ја прими донацијата што Република Полска ја обезбеди за нашта земја како поддршка во борбата против Ковид-19.
Се работи за заштитни и дезинфекциски средства, поточно над 100 илјади заштитни маски и повеќе од 10 илјади литри средства за дезинфекција.

„Не станува збор само за производите, туку и за транспортот во специфични услови и предизвици, кој е целосно организиран од страна на Државната противпожарна служба на Полска, за да може овие производи да стигнат овде во Скопје“, истакна Османи притоа упатувајќи благодарност до амбасадорот Војциех, до владата на Полска, до Државната противпожарна служба, но и до полските граѓани за нивната несебичност и солидарност во време на криза, со што само се потврдува поддршката што Република Полска во континуитет ѝ ја дава на Република Северна Македонија.

„Влегувме во втората и третата фаза од стратегијата на Владата за борба против Ковид-19, која претставува ослободување на движењето на граѓаните, но со построга примена на препораките, во кои едни од најважните се токму носењето маски и честата дезинфекција како на рацете така и на површините. Со самото тоа полската помош, токму во маски и средства за дезинфекција, пристигна во вистинско време и за вистинска намена имајќи предвид дека во периодот што следува ќе имаме потреба од овие средства во големи количини“, додаде Османи, при што потенцира дека денешната помош од Полска не претставува случајност, туку континуитет на добрите меѓусебни односи бидејќи Полска обезбеди поддршка за земјата преку Црвениот крст и за време на кризата со поплавите од 2016 година.
Денешната донација од Република Полска е дел од конвојот хуманитарна помош што Полска ја обезбеди за сите 6 земји од Западен Балкан во насока на полесно справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Македонија
Да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари, му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, велат од СДСМ
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, велат од СДСМ.
Според оваа партија, за два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле, како што истакнуваат, „омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник“.
„20 милиони денари е тендерот за „Пирамид Б“ со склучен договор на 05.12.2026 година.
76 милиони денари е тендерот за „Ленди Груп“ со склучен договор од 28.01.2026 година.
Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?
Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56 тендери на „Пирамид билдинг“, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?
Или да се извинуваме и 74 тендери на „Ленди груп“ вредни 17.5 милиони евра?
Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?
Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе“.
А што се однесува до чантата, следниот пат, додаваат од опозициската партија, кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, „очигледна е“.
„Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“.

