Контакт

Македонија

Помилувања од претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а 6 лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

dobivaj vesti na viber

Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Македонија

(Видео) Ќе се гради нов мост кај Башино Село, стариот кој е со уништена арматура е изграден во 70-те од ЈНА

Објавено пред

Ќе се гради нов мост кај Башино Село, на местото на постојаниот кој бил изграден во 1971 година од тогашната Армија.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Христијан Мицкоски се извини на велешани бидејќи, како што рече, во претстојнинот период за жал ќе има зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост.

„Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро да ние примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54 година ништо не се направило“, рече Мицкоски.

Донесен е заклучук во кој се наведува дека се забранува секаков вид на сообраќај на овој објект, бидејќи конструкциите се од висок ризик, а уништени се бетонската конструкција и арматурата.

„Во врска со прекин на сообраќај во близина на с.Башино Село, кај мостот, во 14:40 часот сообраќајот е во целосен прекин и истиот ќе биде во прекин подолг временски период“, објави попладнево АМСМ.

Експертите уште во септември 2018 по извршените испитувања констатирале дека столбовите на мостот се напукнати, носечката арматура е сериозно оштетена од корозија со годините и има одводнување на мостовската конструкција. Истата година, Општина Велес најави дека ќе побара од Владата во плановите за инвестиции да предвиди изградба на нов мост.

Неколку министри за транспорт и врски, меѓу кои и поранешниот министер Благоја Бочварски, ветуваа изградба на нов мост, а состојбата остануваше непроменета. Бочварски една година по најавата за изградба за нов мост рече дека дека биле распишани два тендера за проект, но двата биле неуспешни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Минчев поднесе претставка до Инспекторатот поради оглас за вработување со вклучена етничка припадност

Објавено пред

Министерот за јавна администрација Горан Минчев како физичко лице, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од селото Липково.

dobivaj vesti na viber

Во претставката Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.

Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, што е во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи и Правилникот за задолжителните елементи на јавните огласи, информираа од неговиот кабинет.

„Ова е директно нарушување на принципите на еднаквост и недискриминација. Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа“, истакна Минчев.

Како министер, но и како граѓанин, Минчев посочи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во институциите и ги охрабрува граѓаните да се борат за почитување на своите права.

„Должни сме да изградиме праведен систем, кој функционира еднакво за сите. Политичката волја за почитување на законите мора да биде основен принцип на секоја јавна институција. Само така можеме да создадеме силна и правична држава“, нагласи Минчев.

Претставката до Државниот инспекторат за труд е поднесена со цел да се утврди дали во конкретниот случај постојат основи за прекршување на законите. Минчев повика Инспекторатот да спроведе темелна истрага и да информира за преземените мерки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Обезбедени средства во буџетот за линеарното зголемување на пензиите за 2.500 денари

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.

dobivaj vesti na viber

„Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија“, објасни премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Видео) Ќе се гради нов мост кај Башино Село, стариот кој е со уништена арматура е изграден во 70-те од ЈНА

Ќе се гради нов мост кај Башино Село, на местото на постојаниот кој бил изграден во 1971 година од тогашната...

Македонија3 часа

Мицкоски не сакаше да го коментира изборот на новиот претседател на Судскиот совет: „Да видиме како ќе работи“

Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски во куса изјава одговарајќи на новинарско...

Македонија3 часа

Дојдете во Вевчани на 13 и 14 јануари, влезете во новата година испразнети од негативната енергија, повика градоначалникот Кочовски

Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, денес ги повика сите оние што сакаат забава и ја почитуваат традицијата, на 13...

Македонија4 часа

Мицкоски: Трговците ги намалија цените пред Нова година, очекувам овој тренд да продолжи

Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата. Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да...

Топ5 часа

Објавен идентитетот на загинатите во вчерашната несреќа, најмладата имала 23 години

Вчера околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-село Рашче, патничко возило излетало од патот...

Македонија5 часа

На судиите што не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем, порача Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Денеска, Советот, на 510-тата седница, со 13...

Македонија6 часа

Дали Дранго има забрана за користење оружје и дали му е одземено во предходна постапка, прашува „Анима мунди“

„Веста дека од страна на битолското Обвинителство е отворен предмет поради фотографијата на заменик-директорот на ‘Македонијапат’, Сашо Дранго, фотографиран со...

Македонија6 часа

Со возилото што излета во водите на Вардар управувала една од загинатите, извлечени телата на три лица, се трага по уште едно

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници...

Македонија6 часа

Македонците најголеми купувачи на „Тему“ од Балканот, дневно се испорачуваат и по 10.000 пратки

Затрупана со пратки е единствената приватна пошта кај нас, која врши достава на нарачките од азискиот гигант „Тему“.  „Еко логистик...

Македонија7 часа

Електронските документи издадени од јавни органи печатени на хартија ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информира дека од денес секој електронски документ од националниот портал и другите државни институции...

Македонија8 часа

Најстудено утрово во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид...

Македонија8 часа

Обвинение против десет лица осомничени за шверцување луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале...

Свет9 часа

(Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодира, загинаа две лица

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува...

Европа9 часа

Зеленски: Трамп е силен и непредвидлив, може да ни помогне да го запреме Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека непредвидливоста на Доналд Трамп, кој треба да ја преземе функцијата во Белата куќа на...

Регион10 часа

Објавен текот на масакрот, манијакот уби 12 луѓе за 30 минути: познати се сите имиња на жртвите

Вршителот на должноста директор на Полициската управа во Црна Гора, Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица...

Регион10 часа

(Видео) Жителите на Црна Гора запалија свеќи за жртвите од масакрот во Цетиње

Стотици жители на Цетиње запалија свеќи за 12 жртви, меѓу кои и две деца, убиени на први јануари. Палењето свеќи...

Топ18 часа

Таткото со ловечка пушка си го убил синот во Тетово, соопшти полицијата

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана...

Македонија19 часа

Извлечено возилото кое излета од патот и падна во Вардар

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три женски лица....

Топ19 часа

Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана...

Топ20 часа

Автомобил падна во Вардар, четиригодишно дете пренесено на Клиника

Попладнево во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од...