Македонија
Попладневниот земјотрес предизвика штети во куќи во Галичник
Во одделни куќи во Галичник регистрирани се штети по земјотресот во 15:25 часот попладнево, со магнитуда од 4,8 степени и епицентар во Кичево, кој беше почувствуван во повеќе градови и населени места низ државата.
„Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции“, се вели на официјалната фејсбук-страница на Месната зедница Галичник.
Ве информираме дека од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно…
Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Среда, 11 ноември 2020
Попладневниот земјотрес беше втор по јачина по утринскиот, кој беше со магнитуда од 5 степени.
„Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјата, е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет, се сосема очекувани“, вели професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени, за „Макфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

