Македонија
Поповска: Каде потонаа мерките против загадувањето?

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ постави процедурално прашање на седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и предложи заклучок да се побара од претседателот на Собранието итно закажување на седницата со точката за аерозагадувањето. Заклучокот со барањето беше едногласно усвоен.
„Каде потонаа собраниските заклучоци со мерки против загадувањето, кои беа донесени со апсолутен консензус по одржаната јавна расправа во Собранието на Република Македонија? Зошто точката за загадувањето на воздухот сè уште не е помината на пленарна седница, кога ова е приоритетен проблем за сите? Уште сега треба да се почне со спроведување на мерките за да биде помало загадувањето следната есен и зима! Со заклучоците ги задолживме институциите на државно и локално ниво со конкретни обврски: попис на загадувачи, контрола на горивата и горилниците во јавниот и приватниот сектор, ригорозен инспекциски надзор на индустријата и сите стопански субјекти, контрола на градилиштата, ревизија на деталните урбанистички планови и спроведување на законот за урбано зеленило со задолжителни 20% зеленило на градежна парцела, решавање на отпадот, субвенции за промена на печки, горива, возила, фотоволтаици, изола и ред други мерки“, аргументираше Поповска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.