Контакт

Македонија

Поповска од ДОМ остро го критикува францускиот предлог во отворено писмо до Европските Зелени

Објавено пред

Поранешна претседателка на првата парламентарна зелена партија во Македонија, ДОМ – Демократска обнова на Македонија, Лилјана Поповска напиша отворено писмо до Европските Зелени во кое бара помош за нормализација на процесот на отворање преговори со ЕУ за Македонија и за исправање на неправдата.

dobivaj vesti na viber

Во посмото вели дека во моментов на Македонија и се нуди целосно неприфатлив предлог, диктиран од Бугарија, напишан од Франција, а во преговарачката рамка е вградена целата негаторска политика на поголемиот дел од бугарската политичка елита за јазикот, идентитетот и историјата на Македонците и македонската држава.

Целото писмо на Поповска во прилог:

„Ви се обраќам како поранешна претседателка на првата парламентарна зелена партија во Македонија, ДОМ – Демократска обнова на Македонија, која е и Ваша полноправна членка. Долги години соработувавме како соборци за демократија, човекови права, заштита на климата и животната средина, културен диверзитет и социјална правда. Овде, во Македонија, со Ваша помош се собираа зелените партии од целиот Балкан, кога другите политички фамилии не можеа да најдат заеднички јазик. Ние, пак, заеднички го сонувавме зелениот европски сон, покажувајќи дека зеленото е моќна обединувачка идеја која надминува граници и предрасуди. Како што знаете, се повлеков од политиката целосно и трајно, дејствувајќи сега како граѓански активист за истите вредности во кои верувам.

Во свое лично име Ви се обраќам за да побарам помош за нормализација на процесот на отворање преговори со ЕУ за Македонија и за исправање на една голема неправда. Токму зборот НЕПРАВДА стана синоним за Македонија, зашто изгледа како секоја држава да добива право да си поигрува со нас, со нашата иднина и среќа. Премногу долго сме третирани како монета за поткусурување на интересите на „поголемите“ од нас. Веќе три децении сме под разни блокади, од кои две се во официјалната чекална на ЕУ, а сме имале неброени позитивни оценки за почеток на преговорите.

Во моментов на Македонија и се нуди целосно неприфатлив предлог, диктиран од Бугарија, напишан од Франција, а официјално поддржан од ЕУ. Се претставува како „компромисно решение за дигање на бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ“, иако е само грда уцена и измама, која не може дури ни да се реализира, и по цена некој да се обиде да ги исполнува бесмислените диктати од предлогот. Во преговарачката рамка е вградена целата негаторска политика на поголемиот дел од бугарската политичка елита за јазикот, идентитетот и историјата на Македонците и македонската држава. Од нас се очекува да „признаеме“ дека сме всушност Бугари со бугарски јазик, на кои Тито им го „свртел умот“, па се декларирале како Македонци од 1945 наваму. Ова треба потоа да го внесеме во учебниците, што ќе биде под строга „вето контрола“ на нашите соседи. А пред да почнат воопшто преговорите, треба да ги внесеме Бугарите во нашиот устав, но не како малцинска заедница, туку како конститутивен народ, за да можеле, како што велат, „да ги освестуваат“ заблудените Македонци одвнатре, како вградена мина во државната структура. Само да потсетам, истата држава не признава малцинства во својот устав и жестоко ги прогонува и забранува тамошните Македонци и нивните здруженија. За ова сте добро информирани, со оглед на тоа што Европските Зелени се со години особено активни во Советот на Европа со поддршка на нивните права, со што се издејствувани 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права во нивна полза. Ниедна од овие пресуди не е реализирана!

Се разбира, целиот пакет со условувања во преговарачката рамка е спротивен на критериумите од Копенхаген, но и на сите повелби на ОН за човековите права и правото на самоизјаснување. Сепак, во овој миг, европските структури застанале зад ваквиот предлог и се прави непримерен притисок врз Владата и пратениците да го прифатат, во состојба на масовна огорченост и револт на граѓаните, кои се на улица. Не повикуваат да бидеме рационални, а не емотивни. Но токму во името на разумот не можеме да прифатиме уцени кои го засегаат идентитетското чувство. Исто така, не можеме да не бидеме емотивни кога сме понижени и загрозени, зашто ни е реално затворен патот за кој верувавме дека води кон подобро, поправедно и понапредно општество.

Само да потсетам, нашиот од по маките започна со блокадата од Грција и забрана на самиот збор Македонија во нашето име! ЕУ со Лисабонската декларација од 1992 првин го прифати ова, за да се повлече по наша реакција и на многу разумни личности од меѓународната сцена. Но грчкото вето за НАТО и ЕУ продолжи со долги и мачни преговори за името, во кои беше гмечено нашето достоинство, чувство за реалност и шанси за демократски и економски напредок. И за ова сте добро информирани, зашто Европските Зелени беа речиси единствените доследни борци за заштита на човековите права и европските принципи, инсистирајќи на деблокада на Македонија и невнесување на билатералните спорови во европската агенда. Преку Вашите претставници во Европскиот парламент и нивните амандмани, Македонија имаше свои претставници и заштитници на правата на обесправените!

Агонијата со името само формално заврши со Преспанскиот договор, зашто додавката пред нашето име ја мразиме и не сакаме ни да ја изговориме, а посебно не боли кога некој сака од неа да прави именки и придавки за идентитетот и јазикот. Освен приемот во НАТО што беше една од стратешките цели и кохезивен елемент меѓу македонските граѓани, добивме длабока граѓанска поделеност, но и ново вето од Франција заради нова методологија на прием, па уште едно вето од Бугарија поради идентитетски и историски причини. ЕУ, која беше гарант на договорот, не измами и остана затворена за нас.

Почитувани зелени пријатели, ова обраќање е молба да и помогнете на Македонија повторно и на Ваш начин, во името на правдата и вистинските европски вредности да го издејствувате невозможното – нова дебата во Европскиот парламент за отворањето на преговорите со Македонија. Европа се бори за правда во Украина, против присвојувањето на јазикот, идентитетот и територијата од страна на Русија. Зошто тогаш дозволува истото тоа да и го прави Бугарија на Македонија? Зарем правото на правда зависи од големината на земјата и од моменталните геостратешки интереси?

Молам за правда за Македонија, подеднаква како и за Украина и за секоја онеправдана земја! Помогнете ни да се одбраниме од империјалистичкото наметнување услови за тоа кои сме, кој е нашиот јазик, како ќе се нарекуваме и каква ќе биде нашата колективна меморија! Со Ваше заземање како најавтентични Европејци меѓу Европејците, ќе застанете и во одбрана на вербата дека Европската унија не е само нереален сон за целиот Балкан и пошироко.

Со почит и надеж,

Лилјана Поповска“.

Македонија

Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Објавено пред

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија11 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија14 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија14 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија16 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ18 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет19 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија19 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија19 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија20 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...