Македонија
Поповски: Сѐ уште постојат центри на влијание и отпор за нормално информирање на Националната радио-телевизија
Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, се обрати на тема „Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – влијанието на обезбедените услови за институционална и уредувачка независност на НРТ“, во рамките на јавната дебата посветена на „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис – НРТ“
Во своето обраќање, Поповски се осврна на важноста на реформите во сферата на медиумите, особено на јавниот радиодифузен сервис, при што нагласи дека оваа Влада по периодот на купена уредувачка политика и заробена држава, преку низа мерки придонесе кон намалувањето на политичкото влијание во медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор.
Министерот истакна дека оваа Влада ја артикулирала потребата од измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со цел професионализација и департизација на регулаторното тело и јавниот радиодифузен сервис.
Во обраќањето, Поповски посочи дека иако Законот за аудио и аудиовизуелни услуги бил изработен во поширок политички консензус во кој се интегрирани забелешките на новинарските и медиумските организации, како и клучните препораки на експертите, сепак опозицијата една година го блокирала овој клучен закон за реформските процеси во државата.
„Последниот бастион на отпор кон перспективите на државата остана Македонското радио. Таму за време на референдумот продефилираа сите најтврдокорни ликови кои сакаа крв да се пролее за да не се случи перспективата на Македонија. Кога Франција стави вето на почетокот на преговорите имаше вечер на француски шансони. Ви кажувам дека сè уште постојат некои чудни центри на влијание и на отпор на нормалното информирање и на нормалната програмска содржина што треба да ја нуди јавниот сервис. Она што Владата го прави е целосно ослободување на какво било политичко влијание или притисоци врз начинот на информирање и ја овозможуваме клучната улога на јавниот радиодифузен сервис објективно, професионално, навремено и точно информирање на граѓаните“, истакна министерот Поповски.
Исто така министерот Поповски ги истакна опструкциите околу изборот на членови на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за Советот на јавниот радиодифузен сервис, односно Националната радиотелевизија, каде треба да се изберат професионални персонални решенија, без постоење на судир на интереси и политички влијанија.
Поповски се осврна и на начинот на финансирање и при тоа наведе дека и овој модел, иако не е идеален, сепак му овозможува поголема финансиска стабилност на јавниот радиодифузен сервис, кој сега има можност да ги враќа долговите, полесно функционира, набавува нови програми, кофинансира копродукции.
Воедно министерот Поповски истакна дека Владата е подготвена да ја даде целата своја поддршка околу финансиското стабилизирање на јавниот сервис, но и за негова модернизација и воведување нови технологии, по урнек на европските радиодифузни сервиси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

