Македонија
Попов: Во „Урбан парк“ се шири неподнослива миризба од депониите со ѓубре
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека „Урбан парк“ во општина Центар, од модерно место и собиралиште на сите генерации, е претворен во едно од најочајните места во градот.
„Центарци се сведоци на негрижата на Општината. Оваа локација од едно културно, средено, зелено катче за одмор и рекреација во овој момент е претворено во едно од најочајните и најгрди места во градот. Граѓаните со месеци се жалат на неподносливата миризба, импровизираните кампови за живеење, искршени клупи, немањето корпи за отпадоци и на депониите со ѓубре кои се потенцијална опасност за здравјето на граѓаните. Во последно време центарци се сведоци и на чување добиток на овој простор.
Градоначалникот Богдановиќ во предизборниот период ветуваше дека ќе се грижи за зеленилото во Центар и им ветуваше на центарци паркови и чиста, здрава животна средина. Не само што не се прави тоа, туку се остава на времето да го уништи и она што претходниците го направиле.
Шест месеци како ја имаат локалната власт во Центар, покажуваат елементарна негрижа. Свесни сме дека луѓето што живеат во овие импровизирани кампови се од најтешките социјални категории. СДСМ мора да ги исполни предизборните ветувања за обезбедување пристојни живеалишта за овие луѓе. Нивното здравје и здравјето на граѓаните што живеат во близина на овој простор е загрозено. Оваа ситуација не може и не смее да продолжи до недоглед. Како доаѓа летото, така секој што поминува низ овој простор ќе биде подложен на потенцијална зараза.
Граѓаните имаат право на здрава животна средина. Центарци заслужуваат модерна и урбана општина“, порача Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

