Македонија
Поради блокирана сметка на пливачката федерација годинава нема да се одржи Охридски пливачки маратон

Претседателот Стево Пендаровски денеска го примил Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација.
На средбата, како што информираат од претседателскиот кабинет, се разговарало за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.
Претседателот на Националната пливачка федерација информирал дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложил причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ќе се гради мини ски-центар на Калин Камен: oпштина Крива Паланка започна постапка за изработка на урбанистичко-планска документација

Општина Крива Паланка официјално ја започна постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на мини ски-центар со ски-лифтови на планинскиот локалитет Калин Камен. Со оваа иницијатива се поставуваат темелите за развој на нова туристичка дестинација во источниот дел на државата, соопшти општгината.
Овој чекор претставува дел од поширока стратегија за ревитализација и валоризација на Калин Камен, кој од запоставен предел се трансформира во атрактивна планинска зона за спорт, рекреација и туризам, велат од општината.
Како што информираат од општината во изминатите 3,5 години веќе се реализирани значајни активности на терен: Завршени се две фази од алтернативниот пат од Бз Кошари до Калин Камен; Обезбедена е проектна документација и финански средства за изградба на адреналински парк; Изработена е проектна документација за водоводна линија Калин Камен – Варовиште – Кркља; Обезбедена е техничка документација и поднесена апликација за реконструкција на патот од Јоаким Осоговски до Калин Камен; Донесен е урбанистички план за хотелско сместување, со веќе издадени две дозволи за градба; Урбанистичко-планска документација за типска викенд населба од 60 куќарки е во завршна фаза; Донесена е урбанистичка планска документација за хотелски капацитети на локацијата Езерце, на површина од 27.000 м².
„Визијата за Калин Камен е конкретна, остварлива и веќе започната. Општина Крива Паланка продолжува да работи со јасна стратегија, силна посветеност и искрена љубов кон својот крај“, додаваат од општина Крива Паланка.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија, не му ја доделил народот

Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема, реагира ВМРО-ДПМНЕ по настапот на претседателот на СДСМ во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ‘Вили Брант’ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.
На последните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, народот кажа што мисли за капитулациите на Венко и Заев во спорот со Бугарија.
Во врска со обраќањето на Венко Филипче во Брисел во кое се обидува да ја обвини Владата за наводно самонаметнато вето и откажување од евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ смета дека јавноста заслужува одговор кој се темели на факти, вистински вредности и државничка одговорност.
Според ВМРО-ДПМНЕ апсурдно е СДСМ – партијата која капитулираше пред секој услов, која со бришење на македонскиот јазик од институционални формулации и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес, да зборува за европска стратегија и достоинство.
„Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран Договор од 2022 година, потпишан токму од СДС, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење; Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДС го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци“, се вели во реакцијата.
Исто така, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не одбива уставни измени, туку инсистира тие да бидат дел од поширок договор, постигнат низ демократски процес, со гаранции за идентитетот и со заштита на државните позиции – нешто што СДСМ апсолутно го погази.
Претходно во Брисел, Филипче рече дека Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени. Во својот говор, Филипче нагласи дека е неопходно ПЕС и групата СД во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на Европската Унија.
Македонија
Две средни училишта во Скопје добиле дојави за бомби

Во две средни училишта на територијата на Скопје утрово стигнале дојави за поставени бомби.
Од полицијата информираа дека биле извршени сите потребни проверки и се работело за лажни дојави.