Македонија
Поради појава на магла намалена видливоста на Стража и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ додаваат дека слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, и на планинските премини Буково и Ѓавато, а на патниот правец Струга – Ќафасан, до село Франгово поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 километри на час.
Поради појава на магла, велат од АМСМ, намалена е видливоста на планинскиот премин Стража, и тоа од 50 до 100 метри, додека на Попова Шапка до 50 метри.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судот – мафија!, извика таткото на Кулакова по пресудата од 12 години затвор за Јованов

„Судот – мафија“ извика таткото на Фросина, Тодор Кулаков, по изрекувањето на пресудата за Васил Јованов.
На 20-годишниот Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, денес судот му изрече затворска казна од 12 години.
Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.
Македонија
Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.
Во образложението, судијката Снежана Марковска кажа дека при одлучувањето судот ги земал во предвид сите олеснувачки и отежнувачки околности. Јованов доби и забрана за управување на возило од Б категорија во времетраење од пет години, а ќе треба и да ги надомести сите трошоци на кривичната постапка.
Во судската сала, беше присутно семејството на загинатата Фросина Кулакова, а нејзиниот татко извика „Судот-мафија“ по изрекувањето на пресудата.
Јованов претходно призна вина за сообраќајната несреќа, која се случи во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје.
Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.
Македонија
Герасимовски: На спорното земјиште на улицата Киро Крстевски-Платник ќе никне простор по мерка на граѓаните

Центар ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник“, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција, известуваат од Општината.
„Имавме неколку средби со жителите од околните згради и ќе излеземе во пресрет на нивните барања. Просторот ќе добие намена која ќе биде во функција на граѓаните и по нивна мерка“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
„Станува збор за простор од приближно 500 м², кој по години неизвесност конечно премина во сопственост на Општина Центар. Благодарение на соработката со Комерцијална банка АД Скопје, која претходно ја имаше оваа парцела под хипотека, земјиштето беше донирано на локалната самоуправа.
Одлуката за прифаќање на донацијата беше едногласно изгласана од Советот на Општината. Со тоа се овозможи уривање на нелегално изградената градба, а Општината ги презеде сите активности за расчистување на теренот.
Следниот чекор е општинските служби, во соработка со локалните жители, да го дефинираат најдоброто решение за уредување на просторот. Целта е создавање похумана и уредена околина, со баланс меѓу зеленило и функционален јавен простор, без нови градби и во согласност со потребите на граѓаните“, соопшти Општината.