Македонија
Поради протести, утре дел од центарот на Скопје ќе биде блокиран
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија на бул.„Илинден“.
Исто така, со почеток во 12.00 часот најавен е протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со траса на движење од пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието на Република Северна Македонија по ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„11-ти Октомври“ и по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и со завршеток на бул.„Илинден“ пред Владата на Република Северна Македонија.
Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници на подрачјето на Град Скопје. При тоа МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

