Македонија
Поради протест на земјоделците, блокиран за сообраќај локалниот пат Турново – Иловица

Од 11 часот, поради протест на земјоделците, блокиран е за сообраќај локалниот пат село Турново – село Иловица, Струмица, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособрена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес регистриран во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава.
Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7..
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и околината.
Македонија
Сончево и топло време со температури до 34 степени, попладне краткотраен дожд

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, слично време со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Топлото време ќе се задржи и следните денови. Во понеделник во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи и ќе дува слаб до умерен северен ветер, којшто веќе од вторник ќе го промени правецот во јужен. Од четврток веќе се очекува извесно зголемување на облачноста.
Македонија
Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните, а во обид да се одглават, нивните чизми останале заглавени и згазнале во стопената смеса. Пожарот е ставен под целосна контрола.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека огнените јазици зафатиле три производни линии означени како 6, 7 и 8, од кои два магацини.
„Сите три погони имаа сончеви панели на покривот и се целосно опожарени. Благодарение на навремената интервенција на пожарникарите, спасени се линиите од 1 до 5. Во гаснењето учествуваа екипи од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Пожарот е ставен под целосна контрола и нема опасност од негово ширење“, изјави Ангелов.
Според информациите, спасени се и дел од магацините со готови производи и суровини, со што спречена е поголема материјална штета.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) првично информираа дека пожарот во фабриката позната под брендот „Винчини“, бил пријавен во 18:40 часот преку единствениот број за итни случаи – 112.
Пожарот, како што информират оттаму, избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, по што на терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари.
На нив на помош веднаш им дојдоа колеги од кочанската противпожарна единица и од Доброволното протипожарно друштво (ДПД) Кочани, а беа издадени насоки до градоначалникот на Виница да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.