Македонија
Поради снежните врнежи, забрана за товарни возила на три патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).
Од таму додаваат дека поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар во 17:50 ч. и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража во 18:50 ч, како и на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно, односно превој Плетвар од 20:35 ч. ДЦС МВР известува дека на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило.
Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.
За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.
Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.
Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.