Македонија
Посебен сообраќаен режим поради скопскиот маратон

Поради„Визер – Скопски маратон 2018“, што во моментов е во тек, важи посебен сообраќаен режим на улиците на кои се одвива маратонот.
Трката на 5.000 метри се одвива преку плоштадот Македонија, преку Камениот мост, лево покрај новиот театар, па лево преку мостот „Гоце Делчев“ до булеварот Илинден и по него лево по улиците Рузвелтова, М. Т. Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври и пред портата „Македонија“ се врти лево на плоштадот Македонија, каде што е целта.
Потоа, за т.н. полумаратон, односно трка на 21 километар: стартот е од плоштадот Македонија преку Камениот мост, лево покрај новиот театар, лево по мостот „Гоце Делчев“ по булеварот Илинден лево по улиците Љубљанска и Московска, десно по „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците М. Т. Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, по булеварот Трета Македонска бригада, улицата „Фрањо Клуз“, булеварот Јане Сандански до крајот пред семафорот со булеварот Србија, каде што се врти назад по булеварот Јане Сандански и улиците Фрањо Клуз, Крушевска Република, 11 Октомври, се влегува низ портата „Македонија“ и на плоштадот, каде што е и целта.
И главната маратонска трка се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.
Поради сето ова, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презеде мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Оттаму апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на посебниот сообраќаен режим во текот на одржувањето на настанот.
Се очекува маратонот да заврши околу 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.