Македонија
По 12 години од црниот понеделник на 24 декември, се најавува враќање на режимските методи, велат од СДСМ
„24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието“, велат од СДСМ
„Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата. Новинарите беа исфрлени за да се сокрие вистината од народот, да не известуваат од тепањето пратеници.
Тогаш, целата јавност ја виде суровоста на еден еден насилнички режим, а токму настаните од тој црн понеделник и неказнивоста на одговорните доведе до уште поцрн датум, до 27 април 2017 година кога режимот тргна да убива пратеници и вработени во Собранието.
Прашањето е како се чуствуваат денеска исфрлените пратеници од Собранието кои се дел од ЗНАМ и во коалиција со истите тие што ги исфрлија? Дали политичкото лицемерие или лукративните причини за власт по секоја цена вредат толку за да се изневерат вредностите, сопартијците, слободата, демократијата?
24 декември е потсетник дека никогаш да смее да се заборават режимските методи на ДПМНЕ. Но после 12 години актуелната власт на ДПМНЕ со своите режимски практики најавува враќање на тие режимски методи.
Тенденциите на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, се инсталираат судии и обивнители, режимот дефинитивно се враќа.
СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се спротивставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

