Македонија
После 32 години независност, службениците во одбраната добија свој закон
Денеска пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со 97 гласа „за“ и ниту еден „против“, го донесоа новиот Закон за вработените во одбраната, прво законско решение со кое вработените во Министерството за одбрана ќе бидат вреднувани за својата професионалност, за својата посветеност и за местото кое го имаат во одбранбениот систем. Со овој Закон, во Министерството за одбрана се создава систем за управување со човечки ресурси согласно највисоките стандарди на НАТО.
Новото законско решение предвидува зголемен стандард на службениците во одбраната, унапредувања според МЕРИТ системот, создавање на услови за развој на персонал кој ќе работи на НАТО позиции, менување на статусот на вработените од кои еден дел ќе бидат и овластени службени лица, како и можности за вработување, но и стипендирање на кадри кои за одбраната претставуваат критична специјалност.
Согласно новиот Закон, статусот на вработените се подобрува и преку зголемениот пензиски стаж, како и заминувањето во пензија со 80% од десетте најповолни години од пензискиот стаж. Предвидена е и можност за вработување без јавен оглас за лица со попреченост. Со одредбите на Законот се внимава и на финансиската стабилност на семејствата на вработените, преку отворање на можност за вработување без јавен оглас за невработен член на семејството на починат вработен во Министерството и припадник на безбедносните сили.
Законското решение е изработено заедно со претставници на академската заедница, познавачи на одбраната, како и со претставниците на репрезентативниот синдикат и останатите синдикалните организации во одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

