Македонија
Поставени два пункта за дезинфекција на возилата што влегуваат во Штип
Денеска, ставени се два од трите пункта за дезинфекција на возилата шт влегуваат во општина Штип.
Тоа се влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“ и дополнително од утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип, поточно кај индустриската зона „Македонка“.
„Општина Штип ги презема сите мерки и чекори кои се во насока на поголема заштита на граѓаните на сите возила што влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека преостанатиот дел од градот постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП ‘Исар’. Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавнопрометните површини и влезовите од станбените згради“, истакна градоначалникот Благој Бочварски.
Полицијата ќе ги контролира сите пунктови каде што возилата што влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

