Македонија
Потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 42 лица
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус, починаа 42 лица, а оздравеа 811, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 430, Велес – 81, Куманово -78, Прилеп и Битола – по 74, Струмица – 53, Охрид – 49, Гостивар – 42, Тетово – 41, Кавадарци – 38, Штип – 36, Кичево – 24, Гевгелија – 22, Кочани и Неготино – по 20, Ресен – 12, Струга – 10, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 9, Радовиш, Валандово и Богданци – по 7, Делчево – 5, Демир Капија и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар – 3, Берово – 2, Пробиштип, Крушево, Кратово и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 42 починати лица: 15 од Скопје (53, 56, 58, 58, 60, 65, 65, 69, 69, 73, 73, 73, 73, 80, 84), 4 од Куманово (59, 59, 67, 75), по 3 пациенти се пријавени од Прилеп (58, 70, 85), Струмица (50, 67, 70) и Кочани (63, 69, 84), по 2 од Битола (65, 75), Гостивар (70, 75), Кавадарци (51, 65), Штип (54, 87) и Охрид (61, 74) и по еден пациент од Тетово (73), Велес (87), Крива Паланка (81) и Виница (80).
Еден пациент е починат во домашни услови, а другите во болнички услови.
Регистрирани се 811 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

