Македонија
Потврдени 18 нови случаи на коронавирус, излекувани уште пет пациенти
Во изминатите 24 часа регистрирани се и 18 нови случаи позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци – 1 (починатиот 44-годишник), Крушево – 1 и Кочани – 1. Во текот на изминатиот ден регистрирани се две жртви на Ковид-19 од земјава, а бројот на починати се искачи на 28.
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 8 женски и 10 машки лица.
Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 12 лица имале контакт со веќе потврден случај на Ковид-10 во државата, а не е регистрирано лице кое има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 351 материјали.
Според местото на живеење, досега регистрирани случаи на Ковид-19:
Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип – 20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 18
Од Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се испишани пет оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. Со ова, бројот на излекувани се искачи на 35.
На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментот хоспитализирани се вкупно 66 пациенти, од кои 7 се на механичка вентилација.
Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.
Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментот хоспитализирани се 4 пациенти, од кои 1 со среднотешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.
Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментот 4 пациенти, кои се на хоспитален третман, се стабилни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

