Македонија
Потпишана регионална спогодба за потраги и спасување во воздухопловството
Агенциите за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, Република Србија, Република Словенија и Република Црна Гора, денеска, во Охрид ја потпишаа спогодбата за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација.
Со спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, истакна дека со ова се врши хармонизација на операциите за спасување во земјите од регионот, со што постапките се интегрираат во еден ефикасен систем за обезбедување на потребните ресурси во цивилната авијација, постапки целосно усогласени со стандардите на „Евроконтрол“.
Свое обраќање имаше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој истакна дека регионалната соработка е од исклучително значење за поставување високопрофесионлани стандарди во цивилното воздухопловство.
„Имајќи предвид дека е потребен организиран систем за потрага и спасување летала и лица во опасност како операции од висок ризик, денешниот собир е само потврда дека ние земјите од регионот работиме на усогласување на домашните легислативи во обезбедување на потребните ресурси за овој тип на операции. Развојот на авиосообраќајот и воздухопловството во Република Северна Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока создаваме услови да креираме долгорочен и ефикасен систем на организирање на цивилната авијација“, изјави министерот Бочварски.
Тој исто така потенцира дека Владата на Република Северна Македонија го усвои Законот за воздухопловството преку кој се подигнуваат стандардите во воздухопловната дејност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

