Македонија
Потпишани договори за 98 проекти за развој на руралните средини
Во Владата денеска беа потпишани договори за имплементација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектите се финансирани од буџетот на државата, конкретно од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, во вкупна вредност од 280 милиони денари. Корисници на средствата и имплементатори на проектите се општините и Центрите за развој на планските региони.
„Владата за 2018 година средствата за рамномерен регионален развој ги зголеми за над 50 отсто. и 4,5 милиони евра оваа година ќе бидат вложени во проекти коишто ги предложија општините и планските региони врз основа на нивните приоритети. Главно станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА-програмата на Европската Унија“, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.
Министерот за локална самоуправа истакна дека во соработка меѓу двете нивоа на власт, централното и локалното, во фокусот се реалните потреби на граѓаните.
„Владата е определена уште посилно да го стимулира рамномерниот регионален развој, преку континуирано зголемување на ресурсите за таа намена. Исто така, од носителите на политиката на регионално ниво очекувам процесот на идентификација на приоритетните проекти и идеи да биде транспарентен, иновативен и инклузивен, преку редовно спроведување на консултации со граѓаните и со бизнис-заедницата“, рече Фазлиу.
Од вкупните средства, за проекти за развој на планските региони се издвоени 196 милиони денари. Најмногу средства за најмалку развиениот, Североисточниот, а најмалку за нај развиениот, за Скопскиот Плански Регион. Проектите за развој на подрачјата со специфични развојни потреби се финансирани со 56 милиони денари, а проектите за развој на селата со 28 милиони денари.
Од име на корисниците на средствата зборуваше градоначалникот на општина Гази Баба и претседател на Скопскиот Плански Регион, Борис Георгиевски, кој истакна дека и на планските региони и на општините им се особено значајни овие средства, пред сè затоа што при распределбата се води сметка за принципот на рамномерност во развојот.
„Во изминатиот период селата беа целосно заборавени. Сега акцентот го ставаме на руралните подрачја и подобрување на квалитетот на живеење за сите граѓани, а особено таму каде што е најпотребно, во подрачјата со специфични развојни потреби и во селата“, рече градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.
Заменик-министерот Дејан Павлески ги повика градоначалниците на поефикасно искористување на средствата, на транспарентен начин. Тој истакна дека во иднина ќе се работи не само на зголемување на ресурсите за рамномерен регионален развој туку и на решавање на прашањата преку иновативни проекти. Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, се заблагодари за соработката со градоначалниците и изрази очекување дека и во наредната година ќе аплицираат со квалитетни проекти коишто ќе го поттикнат развојот на општините и на планските региони и ќе им отворат нови перспективи на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

