Македонија
Потпишан договор за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево
Северна Македонија и Србија потпишаа договор за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево.
„Со денешното потпишување на договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево ние всушност правиме уште еден чекор напред во интензивирање на нашата соработка. И независно што овој договор се однесува на делот на граничното полициско работење, сепак на него треба да се гледа и како на јасна контрибуција во насока на продолжување на формите за што поблиска соработка меѓу нашите две пријателски земји“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Со овој договор значително се намалуваат бирократските процедури и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за каков било застој.
Министерот Спасовски, кој ја предводеше делегацијата од Република Северна Македонија, во којашто беше и државниот секретар при Министерството за внатрешни работи, м-р Магдалена Несторовска, во својата изјава нагласи дека како соседни земји, негуваме одлични релации, упатени сме едни кон други, имаме мноштво заеднички интереси, така што не постои причина таа соработка да не ја развиваме и во иднина.
„Од аспект на соработката на нашите министерства за внатрешни работи, во делот на соработката меѓу двете полиции, во оваа пригода можам да констатирам дека таа е на високо ниво, со јасни перспективи за нејзино динамизирање и практично оперативно работење во многу области, како во делот на граничното работење, соработка во делот на трговијата со луѓе и споделување на заеднички искуства, така и во делот на другите видови превентивно делување наспроти разните форми на прекуграничен и транснационален криминал, а во интерес на националната и регионална безбедност“, посочи Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

