Македонија
(Видео) Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик
Денеска, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија потпишан е т.н. договор за Фронтекс, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, и амбасадорот на Чешката Република во земјата, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.
Станува збор за договор помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.
Овој договор има оперативно и политичко значење и за Северна Македонија и за Европската Унија.
Од страна на претставниците на Владата на Република Северна Македонија и на претставниците од Европската комисија споделена е заедничка согласност дека потпишувањето на овој прв договор помеѓу Северна Македонија и Унијата е на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет од страна на Европската Унија.
Со договорот ФРОНТЕКС заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во кое активно придонесува Република Северна Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а која, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена најбргу што може во Унијата како полноправна членка.
Договорот ФРОНТЕКС на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.
Потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС е израз на заедничка посветеност на Република Северна Македонија и на Европската Унија за дефинирање одржливи трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на кои се темели меѓусебната соработка. На овој начин со имплементацијата на договорот ќе се придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и евентуални потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија. Договорот ги уредува сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија, при што членовите на тимот може да вршат извршни овластувања.
Оперативната активност, според овој договор, почнува со писмена одлука на извршниот директор на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија по писмено барање на надлежните органи на нашата држава, а соработката се заснова врз принципите на партнерство и меѓусебно почитување, како и одржување на највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски на средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер.
На средбата министерот Муцунски го истакна континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласи посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во оваа област, со цел натамошно усогласување со европските правила и стандарди.
Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, вклучително и партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, визната политика, како и континуираната размена на информации и искуства.
Посебно внимание беше посветено на имплементацијата на Системот за влез/излез на Европската Унија (Entry/Exit System). Министерот Муцунски укажа на практичните импликации од неговата примена, особено во однос на професионалните возачи и транспортниот сектор, кои се соочуваат со конкретни оперативни и финансиски предизвици. Во таа насока, тој ја нагласи важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со Европската комисија и земјите членки, со цел зајакнување на поврзаноста и обезбедување непречено одвивање на трговските текови
Македонија
Гаши – Грлиќ Радман: Континуирана и цврста поддршка за евроинтеграциите
Претседателот на Собраниетo на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна официјална посета на државата. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и цврста поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на европската перспектива на државата, како и за севкупната билатерална соработка што се развива во духот на меѓусебна почит, разбирање, солидарност и партнерство. Тој нагласи дека особено се цени подготвеноста на Хрватска да ја споделува својата драгоцена експертиза и искуство од процесот на пристапување и водењето на преговорите за членство.
Беше истакната и важноста на сојузништвото и соработката во рамките на НАТО, каде што двете држави се силно посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, принципи и одговорности на Алијансата.
Двајцата соговорници се сложија дека политиката на проширување на Европска Унија претставува стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на регионот како и на целиот европски континент, а беше поздравена и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со што Република Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер.
Исто така, соговорниците нагласија дека Република Северна Македонија и Република Хрватска секогаш негувале пријателски однос, базиран на висока почит кон човековите, националните, културните права на малцинствата кои студираат, работат или живеат во двете држави, што претставува позитивен пример во регионот и пошироко.
Гаши изрази увереност дека посетата на министерот Грлиќ Радман ќе придонесе за дополнително зацврстување и унапредување на односите меѓу двете држави на сите полиња од заеднички интерес, како и дека Република Северна Македонија и натаму ќе смета на силната хрватска поддршка за нејзина интеграција во Европската унија.
Македонија
Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.
Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација.

Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес.
Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи.

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

