Македонија
Потпишан техничкиот аранжман за надзор на воздушниот простор меѓу Северна Македонија и Грција
Министерството за одбрана на Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција, денеска, во Атина потпишаа технички аранжман за надзор на воздушниот простор.
Аранжманот, кој го потпишаа началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, и началникот на одбраната, генералот Христос Кристодулу, претставува официјализирање на мисијата Air-policing, а ќе се реализира во координација со НАТО.
Потпишаниот аранжман произлегува од новиот договор за соработка во одбраната, потпишан од страна на министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, за време на посетата во април годинава на високата владина делегација на Грција на нашата држава, соопштија од Министерството за одбрана.
Инаку, во мај со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија од страна на латалата „Ф-16“ на грчката армија се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО-мисијата Air-policing, со цел проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.
Мисијата Air-policing е ексклузивна придобивка, која важи само за земјите членки на алијансата и вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи и борбени авиони. Целта е заштита на интегритетот на воздушниот простор на НАТО-земјите членки.
И последната земја членка на НАТО, Црна Гора, во текот на пристапувањето во НАТО потпиша технички договор за Air-policing со Грција и Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

