Македонија
Потребни се меѓусекторски услуги за рана интервенција кај децата – нова студија на УНИЦЕФ
Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и партнерите се состанаа да дискутираат за наодите и препораките на нова студија, со која се разгледуваат услугите за интервенција во раното детство за деца со задоцнување во развојот и деца со попреченост.
Анализата на состојбата со рана интервенција кај децата во Северна Македонија прави увид во програмите и услугите што се на располагање во земјата. Меѓу другото, со студијата се истакнува дека поради фактот што на државно ниво скрининзите за развој во раното детство и услугите за интервенции во раното детство се ретки или воопшто не постојат, има голем број деца во ризични ситуации, со доцнење во развојот или попречености, кои воопшто не се евидентирани и кои не добиваат услуги.
„Првите години од животот се единствена можност да се обликува способноста на детето да учи, расте и целосно да придонесува во општеството, а притоа да се спречат можни доцнења во развојот и попреченост“, изјави Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Доцнењето во развојот може да биде резултат на проблеми при пораѓањето, неадекватна стимулација, несоодветна исхрана, хронична болест, психолошка состојба и семејна состојба или некој друг фактор од средината. Затоа, меѓусекторски (т.е. во здравството, предучилишната возраст и во социјалната благосостојба) интегриран скрининг и поддршка за семејствата и децата е од клучна важност да им се помогне на децата да го остварат својот потенцијал“.
Со анализата на состојбата се потенцира дека во случаите кога на децата им се извршени скрининзи на развојот, родителите обично ја барале услугата и во поголем број случаи доцнела идентификацијата на доцнењето во развојот/попреченостите. Само 44 отсто од децата почнуваат да добиваат развоен скрининг пред да наполнат три години. Од наодите е јасно дека има потреба од систем за универзален развоен скрининг, процени и упатувања за децата и семејствата да добијат навремена поддршка.
„Идентификацијата на доцнење или попреченост во развојот на децата, како и последователните услуги, во голема мера зависат од здравствените работници (акушери, неонатолози, педијатри, семејни лекари, матични лекари, психијатри, патронажни сестри и др.) Затоа, Министерството дава континуирана поддршка во развој на сите сектори, со приоритет на примарната здравствена заштита“, рече министерот за здравство, Беким Сали.
Додека интервенциите во раното детство (познато и како рана интервенција кај децата) се обезбедуваат претежно преку здравствениот сектор, врз основа на потребата од услуги што се фокусирани на семејството и на децата, од состојбата се гледа дека има потреба од блиска меѓусекторска соработка на здравствениот сектор, социјалните служби, образованието во предучилишна возраст, детската заштита, како и неколку дисциплини кои се релевантни за овие сектори, како што се социјалната работа, психологијата и специјалната едукација.
„Реформите во социјалната заштита претставуваат влезна точка за сите стручни лица што работат во полето на попреченост за да може да придонесат за развојот на потенцијалите на детето и на капацитетите и вештините на семејството. Преку инвестиции во социјални услуги Министерството за труд и социјална политика ја гради мрежата на услуги и гарантира соодветен опфат“, изјави Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Анализата на состојбата со раната интервенција кај децата во Северна Македонија, поддржана од УНИЦЕФ, беше спроведена со финансиската поддршка на Европската Унија во рамките на двогодишна иницијатива на регионалната канцеларија на УНИЦЕФ и на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR). Целта на иницијативата е зајакнување на националните системи за здравство, образование, ран детски развој и детска заштита, со цел да се обезбеди континуитет на обезбедувањето на основните услуги за ранливите деца и нивните семејства во рамките на итниот и подолгорочен одговор за закрепнување од Ковид-19 во земјите на Западен Балкан и во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.