Македонија
Потребно е дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции, велат од Владата
Владата, на денешната седница го разгледа и текстот на Предлог законот за амнестија предложен од страна на Министерството за правда.
По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија,
Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје ја поздрави владината одлука за позајмување на нафта, но потсети и на долгот
Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата со која, како што велат, конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.
Од Градот сепак потсетуваат дека Владата се’ уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскиот стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието.
„Дополнително, ја повикуваме советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го следи позитивниот пример на Владата и разумно со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз“, велат од Град Скопје.
Апелираат на следната седница конечно по повеќе од 2 години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“.
Се додава дека важно е и советниците да завземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника
Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи. И народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски откако за влакно беше избегната тепачка во Собранието, помеѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за договор меѓу Левица, СДСМ и ДУИ, за да се одвлекува вниманието од суштински работи и аргументирана дискусија.
„Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови. Насилството и провокациите се единствениот начин на опозициските партии да свртат внимание кон себе. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на денешниот инцидент осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, рече Петрушевски.
Македонија
(Видео) Мециновиќ по ескалацијата во Собранието: Наместо одговори, ДПМНЕ му сервира пцости и насилство на народот
ВМРО-ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници, изјави на прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ откако за влакно беше избегната тепачка во Собранието, помеѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
„Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци. Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување“, рече Мециновиќ.
Како што рече, пратникот Зоранчо Јованчев кој се немал појавено на собраниската говорница, денеска го опцул претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство.
„Интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица“, рече Мециновиќ.
Додаде дека Левица не и’ се плаши на ВМРО-ДПМНЕ.