Македонија
Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, велат од Министерството по повод Европскиот ден на правдата

Нашата иднина треба да се темели на градењето силно, независно и модерно правосудство, кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности, велат од Министерството за правда по повод 25 Октомври – Европскиот ден на правдата.
Од тука истакнуваат дека владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење доверба меѓу граѓаните и институциите.
„Во изминатиот период сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем, кои се едни од главните предуслови за напредок во европските процеси. Европската Унија е јасна – нема компромис кога станува збор за правдата. Ние не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност“, велат од Министерството.
Како што се додава, овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.