Македонија
Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10 и пет во Неготино.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 128 оздравени пациенти од Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Кичево-5 и еден од Валандово.
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66 години), еден од Куманово (64), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87 години) двајца од Тетово (75 и 53 години), еден од Струга (55), еден од Струмица (83) и еден пациент од Крива Паланка (80). Од нив еден пациент е починат вонболнички услови, а станатите 9 се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 5.555. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 9.854, активни 2.655
• Куманово 1.973, активни 218
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1.443, активни 160
• Прилеп 925, активни 227
• Тетово 1.722, активни 291
• Струга 749, активни 79
• Велес 429, активни 96
• Битола 467, активни 155
• Охрид 510, активни 89
• Кавадарци 321, активни 89
• Гостивар 1.028, активни 97
• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 580, активни 360
• Крива Паланка 176, активни 60
• Радовиш 170, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 567, активни 205
• Пробиштип 139, активни 24
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 9
• Берово 164, активни 41
• Валандово 82, активни 50
• Виница 150, активни 49
• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 423, активни 59
• Кичево 416, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 100. Од нив на кислородна поддршка се 62, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, како и едно дете и две мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи во скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 118
• Гази Баба – 282
• Аеродром – 531
• Карпош – 437
• Центар – 448
• Кисела Вода – 312
• Ѓорче Петров – 208
• Бутел – 107
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 36
• Сопиште – 20
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –16
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 70
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

