Контакт

Македонија

Почина билдерот Мирко Петровски

Објавено пред

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес-тренер, Мирко Петровски.

dobivaj vesti na viber

Познатиот музичар Панчо ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Сè уште сакам да мислам дека е само лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко“, напиша Панчо.

Македонија

Отстранет е штандот за свеќи и книгата на жалост иако се уште трае седумдневната жалост, реагираат граѓаните на Кочани

Објавено пред

Граѓаните на Кочани во во објава на „Фејсбук“ реагираат дека е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост.
„Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост. Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за палење свеќи и книгата на жалост од градскиот парк. Овој простор, кој беше место за оддавање почит кон жртвите, е тргнат и покрај тоа што се уште трае седумдневната жалост“, се вели во нивната реакција.

Граѓаните од целата земја во солзи и огромна тага се збогуваа од 59-те млади животи што згаснаа во пожарот во дискототека Пулс во неделата. Најголем дел од нив беа погребани во Кочани.

dobivaj vesti na viber

 

Во Кочани беа погребани 31 од жртвите, најмладите имале 16 години. Дел од жртвите беа погребани во Штип, Виница, Облешево.

Шест од загинатите се малолетници, најголем број од жртвите се на возраст помеѓу 21 и 26 години

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари: Нема потреба никој да собра пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Објавено пред

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари денес рече дека нема потреба од шпекулации и невистини околу плаќањето на лекувањата на повредените.

dobivaj vesti na viber

„Генерално во 99 % сигурни сме дека е бесплатно и нема потреба никој да собира пари. Дури како Влада обезбедивме и за по двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се вратат. Да им плати Владата пат и сместување во сите држави каде што се сместени повредените. Нема потреба за шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава нешто да побарано, но генерално е бесплатно“, рече денес министерот Таравари.

Синоќа, пак, во телевизиско гостување, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, рече дека биле фокусирани на тоа сите пациенти да добијат соодветна грижа, да бидат пренесени во соодветни клиники и да им се помогне, а за тоа дали и колку треба да се плати допрва ќе разговараат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Kорупцијата убива, платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара отчетна истрага за трагедијата во Кочани

Објавено пред

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во дискотеката во Кочани и изразува желби за побрзо закрепнување на повредените.

dobivaj vesti na viber

„Пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со „Беса транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, требаше да се случи и пожарот во „дискотеката“ во Кочани за одново да се потсетуваме дека повеќедецениската системска корупцијата зема животи“.

Платформата, како што напоменуваат во соопштението, будно ги следи постапките во случајот со пожарот во Кочани и укажува дека тоа што сега најмалку треба да се обезбеди е сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага. Бараме истрагата да се води отчетно и транспарентно и за неа да известуваат оние кои со закон се надлежни да го прават тоа.

„Во овој момент, одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа, без разлика дали и од која партија е, од која верска или етничка припадност е и дали е поранешен или сегашен функционер. Додека не создадеме систем во кој вистинските луѓе со интегритет ќе бидат на вистинските позиции, не треба да се откажеме.

Во досегашното еднодецениско постоење на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата постојано реагираме и бараме промени во разни сегменти од системот што да се прифатеа, ќе оневозможија токму вакви случувања. Потребни се системски промени кои ќе покажат дека постои реална волја и заложба за бескомпромисна борба со корупцијата од сите чинители, а особено надлежните. За жал, праксата константно покажува дека желбата за лично богатење секогаш била над онаа за создавање на систем во кој правилата и процедурите ќе се почитуваат подеднакво од сите, на сите нивоа во општеството.

Имајќи ги предвид прогласените денови на жалост, Платформата за сега ќе се воздржи од натамошни коментари за конкретниот случај, но најавуваме дека во текот на идната недела ќе организираме прес-конференција на којашто ќе ги објавиме нашите конкретни барања што очекуваме да се спроведат од надлежните органи и тоа ќе го следиме за да започне колективна бескомпромисна борба против корупцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Таравари: Нема потреба никој да собра пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари денес рече дека нема потреба...

Македонија39 минути

Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, Таравари вели може да се вратат дома следната недела, критичен е пациент во Турција

Денес, од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. Си заминува...

Македонија1 час

Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот...

Македонија2 часа

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни...

Македонија3 часа

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани,...

Македонија3 часа

(Видео) Би-би-си со реконструкција за пожарот во Кочани

Би-би-си направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата...

Македонија3 часа

Мораме да размислуваме како да си ги вратиме децата назад, од понеделник ќе ги имаме првите враќања, најави Клековски

Од понеделник се очекуваат првите повлекувања од странство на повредените пациенти, кои по пожарот во Кочани, беа препраќани на лекување....

Македонија4 часа

Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација

Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност...

Македонија15 часа

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија16 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија17 часа

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија19 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија20 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија23 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија24 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија1 ден

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија1 ден

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија1 ден

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија1 ден

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ1 ден

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...