Контакт

Македонија

Почина Зоран Василевски – Зоки Фаци

Објавено пред

Утрово, по долга борба со ракот, во 6:40 почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров.

Македонија

Платформата за родова еднаквост регира: Сексуалната ориентација и родовиот идентитет не се вметнати ниту во Предлог законот за средно образование

Објавено пред

МОН постапува спротивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој ги содржи дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет и кој налага законодавството да се усогласува со овие одредби, реагира  Платформата за родова еднаквост на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование.

dobivaj vesti na viber

Нивната реакција ја  пренесуваме во целост:

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви можности“.

Овој чекор претставува преседан. За жал, сексуалната ориентација и родовиот идентитет не се вметнати како дискриминаторски основи ниту во Предлог законот за средно образование.

Со овие одлуки МОН постапува спротивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој ги содржи дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет и кој налага законодавството да се усогласува со овие одредби.

Платформата за родова еднаквост смета дека оваа постапката на Министерството праќа јасна порака дека одредени групи не се заштитени од дискриминација, дури ни во најсензитивните области, како што е образованието. Законот за основно образование се менува со цел да спроведе пресудата на ЕСЧП- Елмазова и други против Северна Македонија, со која требаше да се донесат законски измени за да се спречи сегрегацијата на Ромите во основното образование. Платформата за родова еднаквост ја поздравува и поддржува првичната намера за измена на Законот, но реагира на искористувањето на една доблесна иницијатива за озаконување на дискриминацијата, и користење на истата како параван за охрабрување на дискриминацијата врз основа на род, родов идентитет и сексуална ориентација, како и за одржување на родовите стереотипи, насилство и нееднаквост. За жал, констатираме дека ваквата постапка не враќа пред 1946 година, и води единствено кон зацврстување на патријархалното насилство и континуираното исклучување на најранливите деца.

Оваа постапка претставува најгрубо кршење на правата на децата, како и директно загрозување на нивниот ментален и физички интегритет. Кога институциите системски ќе исклучат и избришат одредени групи ученици, тогаш тие директно даваат сигнал дека се охрабрува понатомошното исклучување и опресија во општеството на овие групи. Дополнително, ваквите постапки им даваат сигнал на агресорите, од коишто жените, девојчињата и ЛГБТИ+ учениците трпат постојано насилство, дека нивните постапки се само продолжеток на тоа како институциите ги третираат овие групи, нормализирајќи го нивното насилство.

Преку овој чин Министерството за образование и наука се обидува да замижи и избрише кои се најчестите жртви на насилство, и додека се спроведуваат кампањи за спречување на врсничко насилство во образовниот систем, може да заклучиме дека ова се залудни потрошени пари, вложени ресурси и залажување на јавноста за наводната безбедност на децата. Во суштина, со сегашниот предлог закон проблемите не можат нити да бидат именувани со вистинското име, а најмалку пак да бидат адресирани корените, и решени предизвиците со ученичкото меѓуврсничко насилство.

Наспроти дискриминаторските политики на МОН, реалноста на терен потврдена и алармирана низ повеќе релевантни истражувања во земјата, која ги отсликува искуствата на младите ЛГБТИ деца и девојчињата, и која зборува за потребата од преземање на итни мерки за превенција и заштита од насилство и врсничко силеџиство токму врз основа на сексуална ориентација, род и родов идентитет.

Потсетуваме дека МОН има обврска да го усогласува законодавството со Законот за спречување и заштита од дискриминација, што подразбира дека сите дискриминаторски основи помеѓу кои родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет треба доследно да бидат вметнати“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Амбасадорот Рокас на претседателката Адеми ѝ го предаде Извештајот на ЕУ: Активностите на Врховниот суд се позитивно оценети

Објавено пред

Амбасадорот на Европската Унија, Микалис Рокас, во Врховниот суд на Република Северна Македонија на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ѝ го предаде новиот Извештај на Европската Комисија.

dobivaj vesti na viber

Во Извештајот се нотираат активностите на Врховниот суд за унапредувањето на судската практика и конзистентноста на судските одлуки, објавувањето на новата Збирка на судски одлуки, утврдувањето на начелните ставови и за одлуките на судот во однос на прашања од висок јавен интерес и заштитата на законитоста.

Во делот за независноста на судството Извештајот се осврнува и на постапката за разрешување на претседателката на Врховниот суд поведена поради јавните изјави за надворешните политички влијанија во работата на судот, која беше запрена.

Исто така, во Извештајот се нотираат деловничките измени за јавност на Општата седница и унапредувањето на транспарентноста и заложбите и активностите на Врховниот суд за заштитата на животната средина преку расправата за начелниот став како конкретен придонес во заштита на здравјето и спречувањето на загадувањето на воздухот.

Амбасадорот Рокас во своето обраќање пред судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, ги образложи клучните констатации и препораки во Извештајот на Европската Комисија кои се однесуваат на владеењето на правото, осврнувајќи се при тоа на активностите на Врховниот суд.

Амбасадорот во таа насока ја истакна важноста на владеењето на правото и спроведувањето на потребните реформи, додавајќи дека од суштинско значење е посветеноста кон нивното спроведување.

Претседателката Адеми нагласи дека Извештајот на ЕУ има посебно значење за Врховниот суд поради искрената посветеност кон исполнувањето на европските стандарди.

„Извештајот на Европската Унија за нас преставува вистинска мотивација. Препораките за судството се пријателски совети. Посебно сум благодарна за позитивните оценки за Врховниот суд. Ќе продолжиме со исполнувањето на европските стандарди кои се на браникот на владеењето на правото“, истакна претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект, вели СДСМ

Објавено пред

„Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните.

Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува...

Македонија1 час

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото...

Свет1 час

(Видео) Нови израелски напади на јужен Бејрут

Израел изврши воздушни напади во петокот рано наутро врз јужните предградија на Бејрут, први напади врз градот по речиси една...

Македонија2 часа

Почина Зоран Василевски – Зоки Фаци

Утрово, по долга борба со ракот, во 6:40 почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Веста за...

Европа3 часа

Шефот на американската дипломатија: Русија ги обучува севернокорејските војници во артилерија, беспилотни летала

САД очекуваат пристигнување на севернокорејската армија во руската област Курск, која треба да започне да војува против Украина во наредните...

Европа4 часа

Сателитските снимки ги покажуваат областите пред и по поплавите во Шпанија

Сателитски снимки на НАСА покажуваат колку поплавите ја погодија Валенсија и околните градови. Сликите направени на 30 октомври покажуваат големи...

Македонија17 часа

Зголемен бројот на случаи со лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат пораките

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување...

Македонија21 час

Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на...

Македонија21 час

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт...

Македонија22 часа

EУ ни забележува за носењето закони по скратена постапка, Гаши вели дека Собранието е подготвено за уставните измени

Собранието е подготвено за уставните измени, потребна е само политичка волја, истакна собранискиот спикер Африм Гаши по добивањето на извештајот...

Македонија22 часа

Недостигот од 20.000 учебници во Тетово за Јаневска не е реален: Не ги пријавувале оштетените учебници за да ги поштедат родителите

Големо недоразбирање е проблемот со недостигот на учебници во Тетово откога општинските власти јавно се пожалија дека во училиштата недостигаат...

Македонија23 часа

Кривична против ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска за злоупотреба на службена положба и овластувањето

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација, со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал,...

Македонија24 часа

„Изјавувам дека имам бугарскa самосвест и бугарско потекло“: министерката Божиновска пред 20 години ја потпишала изјавата, објавија бугарските медиуми

Пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот, Христијан Мицкоски, го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и...

Македонија1 ден

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ-сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира, бара СДСМ

„Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и...

Свет1 ден

Зеленски остро ги критикува САД: „Како излезе тајниот план? Беше доверлив“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека побарал од Соединетите Држави ракети со долг дострел Томахавк за да помогнат во поразот...

Свет1 ден

(Видео) Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп – ѓубре, Доналд на митинг дојде со камион за отпад

Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек, а...

Македонија1 ден

Странец осомничен за давање поткуп на Блаце, Обвинителството достави предлог за притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил...

Европа1 ден

(Видео) „Беше како цунами“; „Не знам каде се нашите родители“: судот во Валенсија претворен во мртовечница

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа. Последниот извештај на властите на...

Свет2 дена

(Фотогалерија) Шпанија низ фотографии по смртоносното невреме

Најмалку 95 луѓе загинаа во невремето и разорните поплави во источна Шпанија, соопштија локалните власти. Тоа е најсмртоносната поплава во...

Македонија2 дена

Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како...