Македонија
Почина поранешната пратеничка Благородна Дулиќ

Благородна Дулиќ, поранешна пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, почина денеска на 78-годишна возраст.
Таа беше пратеничка во три мандати, од 2006 до 2014 година.
Претходно работела како судија во Окружниот стопански суд Скопје; судија во Стопанскиот суд на Македонија; судија на Врховниот суд на Македонија; член на Републичкиот судски совет.
Погребот ќе се одржи утре со почеток од 12.30 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето. Стотици пливачи и ватерполисти останаа без соодветни тренинзи“, велат од партијата Левица.
„По обичај, цената за пропустите ја плаќа некој друг, во случајов тоа се македонските пливачи кои се принудени да се снаоѓаат на свој начин користејќи ги останатите базени во државава за да ја одржуваат формата и неопходните тренинзи за што се потребни дополнителни трошоци кои пливачите и нивните родители ги даваат од сопстевниот џеб.
Ова би требало најдобро да го знае министерот Борко Ристовски кој сѐ уште се нема произнесено во јавноста во врска со затворањето на базенот во С.Ц. Борис Трајковски, не нудејќи притоа никаква алтернатива за спортистите и клубовите засегнати со овој проблем.
Го повикуваме министерот да се одважи од вторите редови на една од прес конференциите на Премиерот Мицкоски, да ги соопшти планот, динамиката и временската рамка за најавеното реновирање на базенот, што е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови во Македонија.
Самиот Борко Ристовски ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето, посебно акцентирајќи го овој спорт.
Упатуваме апел до министерот за спорт да пристапи со директна финансиска помош до клубовите, пливачите и ватерполистите и да изготви решение за моменталната ситуација за која не се знае до кога ќе трае.
Спортистите бараат тренинзи во соодветни термини и во соодветен број стази. Тоа се истите спортисти на кои им претстојат големи натпреварувања и на чиј грб се рекламира министерството за спорт кога ја претставуваат државата.
Спортистите како најголеми амбасадори на земјава во светот го заслужуваат тоа“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник, согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
На 24.08.2024 година, во парк во населбата Чаир, обвинетиот извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој момент обвинетиот се обидел да избега и да се скрие во влез од зграда. Детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот.
За обезбедување на обвинетиот во текот на постапката на сила се мерки на претпазливост определени од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.