Македонија
Почна акцијата за бесплатно собирање електричен отпад во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ го означи почетокот на големата летна акција за бесплатно собирање електричен и електронски отпад од домовите на територија на општината.
Почнувајќи од денеска, жителите на Ѓорче Петров ќе имаат можност, доколку имаат потреба, со вртење на телефонскиот број 070 236 000 да пријават за бесплатно од прагот на домот да им биде преземен габаритен уред како шпорет, термопечка или фрижидер што не им е потребен. На телефонскиот број ќе остават име, адреса, кој уред го поседуваат и контакт, по што ќе им биде излезено во пресрет. По истиот принцип граѓаните може да пријават габаритен отпад и во најблиската урбана или месна заедница во Ѓорче Петров или во „Нула отпад“ на телефонскиот број 02 3 256 309.
Воедно, во рамките на акцијата, пред трговскиот центар „СП Планет“ во Ѓорче Петров веќе е поставен контејнер, кој исто така служи како место за оставање електричен и електронски отпад за оние граѓани што може да го транспортираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

