Македонија
Почна есенската акција за зазеленување на Скопје
Град Скопје ја почна есенската акција за зазеленување на градот, во чии рамки ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.

„Оваа есен приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигање нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки (остаток од пресечено или паднато дрво), тие ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Најголем број од пенушките што ќе бидат заменети се на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, каде што ќе бидат заменети 49“, стои во соопшението на Град Скопје.

Како дел од заложбите на Градот за зазеленување на Скопје и зголемување на бројот на нови дрвја на јавните површини, оваа акција ќе влијае на подобрување на животната средина и ќе придонесе за зачувување на здравјето на граѓаните, велат оттаму. Во соопштението се додава дека градот исто така посветено работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина со цел да се надомест изгубеното зеленило, да се зголемат парковите и дрворедите и да ги заштити сите јавни зелени површини во сите општини во градот.

Оваа есенска акција Град Скопје ќе ја реализира заедно со сите скопски општини, кои во неа ќе учествуваат со свои работници, механизација и садници, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

