Македонија
Почна изградбата на кружните текови на булеварот 8 Септември
Почнаа градежните работи на кружните сообраќајни решенија на крстосниците на булеварот 8 Септември со улицата Скупи и на клучката на булеварот 8 Септември со булеварот Никола Карев.
„Денеска сме тука за да го поздравиме почетокот на работите на модерни сообраќајни решенија за две исклучително важни клучки во зоната Момин Поток. Едното решение е кружниот тек на булеварот 8 Септември со улицата Скупи и второто кај клучката на булеварот 8 Септември со булеварот Никола Карев, со екстензија кон булеварот Словенија и со делницата на идното автопатско решение во делот на индустриската зона ‘Визбегово’“, рече премиерот Зоран Заев.
Според него, кога ќе бидат завршени овие две сообраќајни решенија, кои опфаќаат и два моста на реката Серава и дополнителни коловозни ленти и крстосници, ќе им се обезбеди лесен и со ништо непопречуван проток на над 25.000 автомобили дневно, колку што изнесува фреквенцијата на овие булевари.
Со овие зафати, додаде Заев, ќе се осигури поефикасно меѓуопштинско поврзување на општините Центар, Чаир, Карпош и Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

