Македонија
Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници
Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација почнува денеска од 8.20 до 10.30 часот во „А1-арената – Борис Трајковски“ во Скопје.
Во оваа група се опфатени 631 медиумски работник, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.
Здружението на новинарите соопшти дека лицата што се пријавиле на првиот повик, а кои не ги исполниле условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите други заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација, кој се очекува да биде набргу.
Новинарските здруженија им препорачаа на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден, да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.
Оваа недела ќе се вакцинираат и вработените во Обвинителството, судовите и инспекциските служби, со што се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе што имаат многу контакти во работата. Минатата недела се вакцинираа припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

