Македонија
Почнува „Запознај ја Преспа“
Дводневната манифестација „Запознај ја Преспа“, во организација на Општина Ресен и повеќе невладини организации, почнува денеска во 18 часот. Настанот има за цел преку дружење, спортски активности, трибини и промоции да ги поттикне и сплоти младите од регионот, пред сè од нашата земја, Грција и Албанија.
Денешната програма започнува во 18 часот во Отешево, во хотелот „Lake view“ со одржување на Панел дискусија на тема: „Европски придобивки за регионот Преспа- искуства и можности“, во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС). Учесниците на панелот ќе дискутираат за можностите за развој на преспанскиот регион, зајакнување на прекуграничната соработка меѓу трите земји и начини за ефикасно искористување на европските фондови кои ќе донесат низа економски придобивки за граѓаните од Преспа.
На панел-дискусијата ќе учествуваат директорот на АМС, Дарко Каевски, Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, Михалис Петракос, советникот на градоначалникот на Општина Преспа, Лемос, Цвета Трајче, локален координатор на Агенцијата за заштита и презервација на природата во Албанија и Димитар Низамовски, извршен директор на Младинскиот образовен форум (МОФ).
Програмата за дружење и обединување на младите продолжува со концерт од 20 часот на кој ќе настапат музичките групи „Нокаут“, „Бла, бла, бла“ и грчкиот реге бенд „Anima Nation“, како и локалните групи „Инстинкт“, „Реприза“ и Екстраваганца“.
Проектот, кој за прв пат се одржува во нашата држава, ја има поддршката од Агенцијата за млади и спорт (АМС) и е дел од активностите за кампањата „ЕУ за тебе“. Како партнери на настанот се и фармата „Духот на Преспа“ и НВО „Преспа ГРАД“ и „Еко Герила Ресен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

