Македонија
Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40
Се враќа многу топлото време во Македонија.
Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14 часот е 34°C во Демир Капија и Дојран.

Следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени, информира УХМР.

Мерки за лична заштита
– Да не се излегува директно на сонце во најтоплиот дел од денот
– Облеката треба да биде лесна и со светла боја
– Пиење поголема количина течности во текот на денот, без разлика на нивото на физичка активност
– Доколку се работи за повозрасна популација или за невработени, потешките домашни работи треба да се вршат во постудената половина од денот (наутро, навечер)
– Посебно внимание треба да се посвети на одржувањето на личната хигиена, а потоа и на хигиенските услови при миењето на овошјето и зеленчукот, како и на самата подготовка на храната
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

