Македонија
По една и пол година, учениците се враќаат во училиште

По една и пол година онлајн-настава, учебната 2021/2022 година денеска почнува со физичка настава во средните и во основните училишта.
Поради високиот број заразени од коронавирус во Тетово и Гостивар, Комиисијата за заштита од заразни болести, по барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.
Ослободени од настава со физичко присуство може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести по барање од родителите, како и од други немедицински причини со дозвола на училиштето.
Доколку се влоши епидемиолошката состојба и се зголеми ризикот од ширење на заразата, ќе се премине на друг модел на настава, односно ќе се примени некое од двете резервни сценарија – второто е комбинирана настава со наизменично ротирање на две групи ученици – онлајн и со физичко присуство, и третото сценарио е модел на настава како минатата учебна година – едни ученици да бидат во училиштата, а други постојано да следат настава на далечина.
За евентуална промена на моделот на наставата ќе одлучи Комисијата за заштита од заразни болести и МОН ќе постапи по нејзините инструкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој ќе се гордееме, кој ќе биде наш дом, а не пазар на интереси, кажа денеска на прес-конференција, Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје.
„Моите определби ќе бидат:
– да го исчистиме Скопје и направиме функционални претпријатија за управување со отпадот;
– да направиме конкретен план и постигнеме резултати за чист воздух и чиста животна средина. Ова се моите први приоритети, области во кои имам многу знаење и искуство;
– да го обновиме јавниот превоз и да создадеме град во кој може да се стигне навреме и без нервози;
– да го запреме урбанистичкиот хаос и да ја вратиме контролата на граѓаните врз урбанизмот;
– да се посветиме на обнова и одржување на постојната инфраструктура на градот;
– да направиме реформи за целосна дигитализација и искоренување на корупцијата и влијанијата кои доаѓаат од оние кои Скопје го гледаат како бизнис интерес;
– да ја вратиме културата, животот и урбаниот дух на Скопје кој толку многу недостига во моментов;
– да ја вратиме безбедноста во градот, секој ден и секој чекор по скопските улици мора да биде безбеден и удобен за секој граѓанин“, рече Шукова.
Таа нагласи дека се кандидира да стане градоначалничка на сите скопјани, независно дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на некоја трета партија или на ниту една. За мене, вели Шукова, сите граѓани се еднакво важни.
„Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани. Дека токму политичката алчност, бизнис и личните интереси на оваа власт, како и длабоката партизација на градот во изминатите четири години го донесе онаму каде што е денес, на своето историско дно во однос на развој, изглед и функционалност. Токму ова никогаш не смее да ни се повтори и затоа јасно порачувам: ако ја добијам вашата подршка ќе докажам дека Градот е над политиката. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите кои живеат во него. И мора да се управува професионално“ рече Шукова на прес-конференцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да манипулира, Владата веќе ги зголеми пензиите за 5.000 денари за една година

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„СДС ја измами секоја категорија на граѓани во државата.
Сега преку вакви прес-конференции повторно се обидува да манипулира со фактите.
Кога станува збор за пензионерите, СДС ги занемаруваше оние со најниски пензии.
ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми пензиите на пензионерите за за 5.000 денари линеарно и ова важи за сите пензионери, во една година.
Во моментов Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на анализа за да ги зголеми повторно пензиите, оваа есен по 1000 денари, а и 1000 денари дополнително на пролет. Тоа се уште 2000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредниот период. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски и ќе биде реализирано веќе за следното есенско покачување на пензиите.
Пензионерите ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се потврдува и со чекорот што Партијата на пензионерите го напушти Филипче, и премина на страната на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е и повеќе од јасно дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува своите ветувања“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко

Денеска од утринските часови хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи Бел 412 интензивно е активен во гасењето на пожарот во струмичко.
Притоа до сега исфрли повеќе од 35 тони вода.
Активностите продолжуваат се до целосно гасење на пожарот, информираат од МВР.