Македонија
По повод 55-годишнината од скопскиот земјотрес, се враќа пораката од Јосип Броз – Тито
Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Почетокот на манифестацијата, на 23 јули, ќе биде одбележан со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз – Тито на источната страна на Музејот на град Скопје. Граѓаните овој настан ќе можат да го проследат од 20 часот во Музејот.
„Пораката која долго беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро, повторно ќе се врати на своето место. Овој настан симболично наречен ‘Солидарноста се враќа дома’, ќе биде проследен со активности во Музејот на град Скопје“, информираат градските власти.
Настанот „Зборува Скопје“ во четири дена ќе обедини ликовна, театарска, филмска и мултимедијална уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.
„Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, КИЦ, Музејот на современата уметност, платото пред МКЦ, ќе бидат местата што во овие четири дена за скопјани ќе понудат интересни настани кои ќе можат да се погледнат само во рамките на оваа манифестација. ‘Тивка реконструкција на земјотресот’, перформанс на Билјана Радиноска и ‘Сонува Скопје’, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на наши млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Потоа ќе следува концертот „Разговор со смисла“ на Mammoth & Yashem, настап во живо на Тодор Караколев и затворен џем-сешн со музичари од новата скопска сцена.
„Освен визуелно изненадување за посетителите, со овие настани сакаме да ја потенцираме и архитектонската важност на ГТЦ за градот Скопје и да го вратиме урбаниот дух во централното градско подрачје“, појаснуваат грдските власти.
Организацијата на жените на град Скопје 55-годишнината ќе ja одбележи со поетско читање, а на 26 јули со почеток во 5:17 минути, времето кога се случил земјотресот, со аудиоакција на 5 различни локации низ градот, во организација на Група урбани уметнички акции и Центарот за современи уметности, граѓаните ќе бидат потсетени на трагичниот настан. Традиционално ќе се одржи и крводарителската акција, а организационен одбор ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта во Бутел.
Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање акцијаши на територијата на општина Гази Баба ќе организираат работни акции во периодот од 23 до 28, како и богата едукативна културна програма во акцијашкиот камп во студентскиот дом „Стив Наумов“.
„Зборува Скопје“ ги повикува граѓаните заедно да ги проследат настаните, како потсетување на трагедијата што го разори Скопје и заеднички да упатат порака дека не е заборавена поддршката што пред 55 години градот ја добил од целиот свет.
„Воедно, ова ќе биде добра можност да покажеме дека го сакаме нашиот град, неговата култура и уникатната урбаност, која ќе ја негуваме во иднина“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

