Македонија
По Рига, Димитров денес во посета на Вилнус

Во рамки на балтичката турнеја, вицепремиерот Димитров денеска ќе престојува во Литванија, каде што ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик-спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент.
Покрај евроинтегративните прашања кои се во фокусот на разговорите со високите претставници на земјите членки на ЕУ, ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.