Македонија
По целовечерна борба со огнот изгаснат и вториот пожар кај Тиквешкото Езеро
И вториот пожар кај селото Брушани, Општина Кавадарци – реонот кај Тиквешкото Езеро каде што вчера пожарникарите интервенираа во два наврата – во 17:30 и во 21:30 часот, е локализиран утрово во 04.00 часот.
Од ЦУК информираа дека пожарот беснеел во текот на целата вечер, а го гаснеле пожарникарите од ТППЕ Кавадарци и тимот на подружницата „Бор“ на ЈП „Национални шуми“.
Се наведува дека во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери, иако во текот на гасењето била во опција и барањето за ангажирање воздухоплови заради сериозноста на пожарот и заради непристапниот терен.
Инаку, вчера попладне, во 17:30 часот, беше добиена првата пријава за шумски пожар кај с. Брушани. каде што горела нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари. Во гаснењето на пожарот интервенирале 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Кавадарци, 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот на таа локација е изгаснат во 19:00 часот.
Но, потоа, во 21:30 часот, добиена е дојава дека повторно кај с. Брушино, само на различно место од претходното најверојатно е препален пожарот покрај Тиквешкото езеро, Општина Кавадарци. Интервенираат 8 пожарникари со 2 ПП возило и една екипа од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот се простирал на непристапен терен и горела смрека.
Ако интервенцијата на противпожарните единици не дала резултат, се очекувало од градоначалникот од Општина Кавадарци да биде доставено барање до ЦУК за ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот. Но, по целовечерен постојан ангажман на пожарникарите од Кавадарци и тимот на „Национални шуми“ од подружницата „Бор“, пожарот кај с. Брушино, Општина Кавадарци е локализиран во 04.00 часот утрово, денеска 14.08.2023 година. Известени се СИКС на МВР дека во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери, додава ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

