Македонија
Правата на просветните работници тема на средбата меѓу Заев и претставници на синдикати за образование од Евроазиската Унија

Премиерот, Зоран Заев, денеска прими делегација од претставници на синдикати за образование од земјите од Евроазиската Унија.
Делегацијата составена од Талип Гејлан, претседател на Евроазиската унија на просветни синдикати, Хуѕмбат Нагијев, Потпретседател на синдикатот на просветни работници на Азербејџан, Асилбег Токтогулов, претседател на синдикатот на просветните работници на Киргистан и Каган Миндикоглу претседател на синдикалното движење Мемур-Сен, ја предводеше Елвин Хасан, претседател на НВО УФУК-Македонија, организација домаќин на годишната конференцијата на Евроазиската унија на синдикати за образование.
Гостите изразија задоволство од средбата и пренесоа поздрави до премиерот и владата за постигнатиот договор со Грција како и поддршка за успешните евроатлантски интеграции на земјава.
Премиерот Заев, посебно ја поздрави иницијативата поради која се гостите тука во Македонија, конференцијата за просветни синдикати, и рече дека штитењето на правата на просветните работници, но и на работниците генерално, е благороден порив, што го прави синдикалното организирање многу важно за севкупниот квалитет на живот.
Премиерот Заев, истакна дека Македонија е пријателска земја, и има добра соработка со секоја од земјите од каде доаѓаат гоститеи дека посебно работи на стратегии за интензивирање на економската и трговската соработка со посочените држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, затекнати три лица кои согорувале отпад

Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече три лица со живеалиште во општина Бутел, како на дива депонија која сами ја направиле согоруваат отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатата недела инспекторите за животна средина на град Скопје и комуналните инспектори имаат изречено казни на над 100 сторители, извести Град Скопје.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад.
На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска“, соопшти Град Скопје.